Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во прва работна посета на Франција.
Освен со министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан, Димитров ќе има средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот претседател, како и со претседателите на групите за пријателство во националното собрание и во сенатот на Франција.
Во рамките на посетата, шефот на дипломатијата ќе има и излагање на тема „Постигнувањата на Владата на Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“ на реномираниот институт за меѓународни односи.







