Министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров го истакнал значењето на исходот од референдумот и важноста од постигнување уште повидливи резултати во реформите.
На средбата, британскиот министер го поздравил постигнатиот напредок во реформите за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО, акцентирајќи го примерот што го дава нашата земја во градењето пријателски односи во регионот преку надминување на споровите со соседите, склучувајќи ги договорите со Бугарија и со Грција.
Министерот Димитров изразил благодарност за јасната и континуирана помош од Велика Британија во однос на македонските европски и евроатлантски аспирации, истакнувајќи ја важноста на Самитот за Западен Балкан, што се одржа во јули во Лондон.
„Посетата на министерот Данкан претставува израз на силната и континуирана поддршка на Велика Британија за напорите на Република Македонија да стане рамноправен член на европското и евроатлантското семејство на слободни и просперитетни нации, велат од македонското МНР.







