Јавноста ќе има увид и ќе добие време за да дебатира за договорот за добрососедство со Бугарија – изјави во интервју за телевизијата 24 министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Според Димитров, овој договор не го загрозува националниот интерес на Македонија.
Во врска со однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за договорот, тој вели дека опозицијата има намера да го сруши она што веќе е договорено.
Министерот за надворешни работи зборува и за друите незатворени прашања во надворешната политика на земјава.







