Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го прими во проштална посета амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Гарет.
Димитров на средбата ја истакнал значајната улога на амбасадорот Гарет во развивањето на билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралств и дека со тешко срце испраќа драг пријател на Македонија и изрази надеж дека Обединетото Кралство ќе продолжи да биде силен поддржувач на земјава во стратешките евро-атлантски определби.
„Чарлс е исклучителен дипломат и личност, кој не се плаши работите да ги нарече со своето вистинско име. Ни давеше добронамерни совети во периодите на политички премрежја, силно верувајќи во принципите на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста. Ти благодариме за сѐ Чарлс“, рекол министерот за надворешни работи на средбата.







