Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: За државноста се изборија нашите предци, наше е да ја градиме иднината, а пријателството е со заемно почитување
Македонија

Димитров: За државноста се изборија нашите предци, наше е да ја градиме иднината, а пријателството е со заемно почитување

октомври 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државноста ја имаме, таа ни е обезбедена, долгорочно стабилна, бидејќи сме дел од НАТО-алијансата, следната задача ни е европскиот начин на живот да си го донесеме дома, преку пристапниот процес кон Европската Унија, потоа стандардот, платите, редот, правдата образованието, здравствениот систем, животната средина, порача од Могилата на непобедените во Прилеп заменик претседателот на владата за европски прашања Никола Димитров, кој ја предводеше владината делегација во која беше и
министерката за образование Мила Царовска при денешното чествување на 11Октомври–Денот на народното востание.

Одговарајќи на новинарско прашање кои беа фашистичките окупатори, Димитров рече дека е погрешно едно зло да се врзува со цела нација.

„Многу е лошо ако лошото го врзуваме за нација. Во секоја нација, некогаш сме на добрата страна на историјата, некогаш на лошата страна. Мислам дека треба да го осудиме лошото или злото, ама без притоа да ставиме белег на една цела нација. Така е со Германија, една од нациите која најискрено и отворено се соочи со сопствената
историја. Најверојатно нема друга нација во светот која толку директно и со отворени очи се соочила со фашизмот, најцрната страница од историјата на човештвото. Мислам дека ќе згрешиме ако на нашите соседи, прашањето беше за Бугарија, го ставиме тоа петно како на цела нација. Така ќе останеме назад. Речено е дека историјата треба да ни биде учителка, а не затвор. Ако оцрниме цел народ, историјата ќе ни стане затвор и нема да имаме избор, освен да се конфронтираме. Затоа мислам борбата била против фашизмот, но таа етикета не треба да се лепи на еден цел народ“, изјави Димитров.

Тој нагласи дека сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифатат какви што сме и каков јазик зборуваме, а тоа не треба да биде пречка за нашите евроинтеграции.

„Не е европски предизвик на македонскиот јазик да стане пречка на нашата иднина и европска интеграција. Ако Европската Унија дозволи, на некој начин, ова да биде пречка тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име – европска и не знам дали ќе може да веруваме во неа. Мора мудрост и почит, нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме. Ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит, не може да се развива блискост или пријателство. Ниту една држава во светот, ниту соседна, ниту подалечна, па ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување. Прашањата ќе се
решаваат на линија на европските принципи. Во ерата на 21 век, правото на самоопределување на сите народи, вклучувајќи го и македонскиот народ, е неспорно. Процесот што го почнавме со Бугарија во однос на разговор за наративите од заедничкото минато што не поврзува, мора да има и прифаќање на реалноста. Историјата не може да ја смениме, сегашноста можеме, можеме да обезбедиме
подобра иднина. Сака мудрост од двете страни“, рече Димитров.

Тој потсети дека е формирана комисија за историја каде има историчари од двете страни кои треба да ги разговараат овие прашања од историјата. Кога политиката премногу ја употребува историјата, обично не може да испорача резултати и не може да направи чекор и денес и утре, во сегашноста и во иднината. Овие прашања треба да ги оставиме на комисијата, на историчарите. Тие не се дојдени до периодот од Втората светска војна, а ние треба да се обидеме да ги повлекуваме чекорите за каква иднина сакаме да имаме утре, и во односите и во пријателството. Ако правиме чекори на тоа што се случило во 20, 19 век и порано, не сум сигурен дека ќе стигнеме таму
каде што сакаме, нагласи вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров при чествувањето на празникот во Прилеп.

актуелно димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.