Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров за МИА: Со посветеност ќе ги убедиме и противниците на договорот
Македонија

Димитров за МИА: Со посветеност ќе ги убедиме и противниците на договорот

февруари 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги објаснува следните чекори на земјата откако денеска се потпиша пристапниот Протокол за членство во НАТО, но и одговара на критиките на противниците на процесот.

Македонија и Грција во наредните денови, по ратификацијата на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО во грчкиот Парламент, треба да разменат ноти за да стапат во сила Преспанскиот договор и уставните амандмани поврзани со него. Министерот Димитров не сака да шпекулира за временската рамка, но верува дека тоа би требало да се случи во наредните денови.

Потоа процесот треба да тече според одредбите на грчко-македонската спогодба, во пријателски дух.

„Во договорот се разликува постоечки и нови документи, во разумен административен рок и за внатрешна и за надворешна употреба… За постоечки документи има врска со отворањето на поглавјата во европскиот процес, тоа значи за стари документи. А за новите документи, и за внатрешна и за надворешна употреба има административен рок и има еден посебен рок од пет години, на пример во однос на патните исправи. Најважно тука е да има добра волја, да има разбирање, пријателство во спроведувањето на договорот бидејќи станува збор за еден огромен административен напор, објаснува Димитров.

На прашањето дали стравува од можна руска интервенција до полноправното членство, слично на она што го доживеа Црна Гора пред зачленувањето во Алијансата, Димитров потсетува дека огромно мнозинство од граѓаните на Македонија го поддржуваат членството во Алијансата.

„Ние ќе продолжиме да ги убедуваме и нашите пријатели од Москва дека ова е добро за стабилноста на Македонија, на Балканот, дека е наша одлука. Знаете, мене дури и ме навредува кога некои велат “ова го прави Вашингтон“, “ова го прави Берлин“. Не, ова е себична одлука да се грижиме за сопствената стабилност и да си го почитуваме народот од кој 84 отсто вели да одиме натаму. Ќе ги убедиме сите дека ова е добро, сите кои се грижат за стабилноста на регионот, вели министерот за надворешни.

На критиките за Преспанскиот договор од двете страни на границата, Димитров одговара дека од сега натаму линијата на поделба не е веќе меѓу Македонија и Грција, туку меѓу оние кои сакаат да одат напред, и оние кои влечат назад.

„Линијата сега е: силите за напред и силите за назад во ровот, во двете земји, мислам дека со посветеност и имплементација ќе успееме да ги убедиме и противниците да дојдат на нашата страна, на правата страна на историјата. Не е чудо што светот вака реагира, бидејќи вистина е ретко од Балканот ваква вест, две земји решиле тешко прашање и создале малку иднина.

Министерот повикува сега сите да се фокусираат на стратешката цел и да не се губи времето кое претстои до крајот на процесите, како за НАТО, така и за ЕУ.

„Овие години мора да ги искористиме за земјата да си ја кренеме на нозе, да ја направиме поуспешна, поздрава во смисла на функционалност на институциите, во економска смисла, во смисла на платите, и сега како општество, и како политика е важно да најдеме разбирачка, да туркаме сите напред, за да го искористиме овој период. Ако пола туркаме напред, а пола влечеме назад, нема да го искористиме како што треба овој период, предупредува Димитров.

И потсетува дека до пред неколку месеци, во Брисел „едвај се споменуваше Македонија“.

„Ако имате предвид каде бевме пред 20 месеци, кога во ходниците на НАТО едвај не споменуваа, и каде сме денес, сите земји членки потпишаа протокол да ни отворат место во Алијансата, мислам дека е толку голем влогот и поддршката од светот, што нема предизвик што нема да го решиме вака или онака, вели министерот.

актуелно димитров македонија НАТО протокол чекори членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.