Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Крајно време е регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, а не на планот на историја
Македонија

Димитров: Крајно време е регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, а не на планот на историја

декември 12, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари работна посета во Париз каде што имаше обраќање во Фондацијата „Роберт Шуман“ на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција” по кое следеше дискусија со поканетите гости, претставници од дипломатскиот кор, политичката и медиумската сфера на Франција.

Димитров при тоа се осврна на вложената енергија изминатата година и пол на планот на решавање на отвореното прашање со Грција, на деликатноста на процесот, но и на оптимизмот и вербата дека истиот успешно ќе се финализира.

– И покрај многуте предизвици и противења, уверен сум дека после пет години ќе се прашуваме зошто ова не било направено уште на почетокот на деведесетите. Исто така, сум уверен дека токму Балканот овој пат ќе покаже дека чудата се можни, рече шефот на македонската дипломатија.

Во однос на процесот на проширување,  Димитров посочи дека е од исклучителна важност ценење на постигнатото низ меритократски принципи, и следната година и формално да се отвори патот на Македонија за пристапување, бидејќи, како што истакна тој, тоа е во интерес и на ЕУ.

-Крајно време е регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, наместо на планот на историја. И за самата ЕУ, европеизацијата на Балканот е позитивна работа. Потребна е само визија и храброст за донесување големи одлуки со долгорочни придобивки, рече Димитров.

Во француското Национално Собрание,  министерот Димитров оствари средби со претседателката на Комисијата за надворешни работи Мариел де Сарнез и со пратениците Бернар Сор, Лилиана Танги, Фредерик Ле Пети, Седрик Вилани и Жан-Франсуа Елиау.

На средбите стана збор за европската перспектива на Република Македонија и за спроведувањето на неопходните реформски приоритети со цел почеток на пристапни преговори со Европската унија, како и за значењето на поддршката на Франција во тој поглед. Притоа беше заклучено дека европеизацијата на Балканот и консолидацијата на ЕУ се комплементарни процеси.

Министерот Димитров заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера учествуваше  на состанокот на високо ниво по француско-германската иницијатива за спречување на недозволената трговија и  употреба на лесно оружје и оружје со мал калибар во земјите од Западен Балкан.

актуелно балкан димитров ЕУ македонија Париз
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.