Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Можеби на почетокот на идната недела ќе има информација за влез на македонски државјани во ЕУ
Политика

Димитров: Можеби на почетокот на идната недела ќе има информација за влез на македонски државјани во ЕУ

јуни 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека се уште трае процесот на консултации во ЕУ за тоа дали да им се дозволи влез во Унијата на македонските државјани и од кога, имајќи ја предвид состојбата со Ковид-19.

„Вчера имавме една видео средба со моите колеги од Балканот што ја реализираше еврокомесарот Вархеји. Меѓу другото, ова се дискутираше. Еврокомесарот кажа дека процесот на консултации трае, дека одлуките ќе бидат врз основа на објективни критериуми во однос на епидемиолошката слика во сите земји од Западниот Балкан. Вчера по друго прашање имав телефонски разговор и со австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг и уште некои други извори. Мислам дека во моментов, сега е ова неблагодарно бидејќи уште нема одлука, меѓутоа во моментов малку држави од шесте од Западниот Балкан ќе ги исполнат критериумите за да бидат на таа целосно бела листа на ЕУ, меѓутоа да почекаме и да видиме“, рече денеска Димитров, кој беше на партиски настан како носител на кандидатска листа во ИЕ 1 за коалицијата „Можеме“.

Европската унија, потенцирше тој, ќе донесе препорака кон земјите членки, но одлуката дали таа ќе се применува и како ќе се применува ќе биде национална односно на земјите–членки, а препораката ќе се менува и ќе се ажурира на секои 14 дена во однос на динамиката, случувањата околу епидемиолошката слика на сите земји.

„Имавме на високо работно ниво неколку контакти неделава, не од денес и од вчера, изминатава недела и уште и таму трае процес на одлучување. Не е сосем јасно како ќе пресечат и во однос на македонските државјани, меѓутоа и во однос на другите земји од регионот, така што веројатно на почетокот на иднава седмица можеби ќе имаме и конкретна информација“, тврди Димитров.

Нацртот за Преговарачката рамка за земјата е готов во Европската комисија, информира министерот одговарајќи на новинарско прашање велејќи дека има определен и разлики во Комисијата во однос на одлучувањето.

„Во дневен контакт сум последниве две седмици со Брисел, со ЕК на различни нивоа. Нацртот е готов. Има определени разлики меѓу два фактори во ЕК околу начинот како ќе се одлучува кога една земја ќе го изгуби компасот и ќе почне да се враќа назад во смисла на демократија, слобода на медиуми, правна држава, како земјите-членки и Комисијата ќе одлучат и процесот на пристапување, она што се вели реверзибилност врз основа на новата методологија и овие разлики се причината за ова доцнење од–па речиси, колку веќе, две седмици. Не исклучувам на почетокот на идната недела да има решение на овој проблем. Не знам дали ќе го објават, тој може ќе излезе, меѓутоа ќе објават дека е усвоен што се однесува на Комисијата и после оди во рацете на земјите–членки“, објасни Димитров.

Министерот за надворешни работи вели дека е уверен дека првата меѓувладина конференција ќе биде во текот на втората половина на годината.

Засега за тоа нема одреден датум.

„Уште нема, не зависи само од ова прашање. Пред неколку дена германскиот министер за надворешни работи ми кажа дека тие се решени како Претседателство, нели Германија го презема Претседателството со Советот на ЕУ, ова е прашање што им е важно и тој ми пиша дека заедно со нас сака да работи оваа работа да се заврши. Меѓутоа, без да прецизира баш дали октомври ќе биде, дали ноември итн. Тоа што е за нас важно, јас сум уверен дека ние ќе ги почнеме пристапните преговори во текот на втората половина на оваа година“, рече Димитров.

актуелно димитров ЕУ македонски државјани
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.