Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Направивме суштинска промена и станавме светол пример во регионот
Политика

Димитров: Направивме суштинска промена и станавме светол пример во регионот

октомври 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Северна Македонија во изминативе неколку години успеавме да направиме суштинска општествена промена.

Тргнувајќи од состојба на заробена држава, како што ја дефинираше Европската Комисија во 2016 година, станавме земја светол пример во регионот, но и пошироко, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е кодомаќин на денешниот регионален промотивен настан на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal facility“ за Западен Балкан и Турција втора фаза.

Димитров нагласи дека очекуваното започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија ќе покаже во пракса како една земја може суштински да се промени и напредува.

„Докажавме дека со политичка волја и лидерство можат да се надминат тешките отворени прашања со соседите, но и смело се впуштивме во домашната реформска агенда, со цел да обезбедиме европски живот дома, а не вон границите на регионот“, рече шефот на дипломатијата.

Во однос на програмата „Horizontal facility“ вели дека целта е обезбедување на подобар животен стандард и европски начин на живот за граѓаните.

„Заедничката програма дава можност да ги утврдиме областите во кои нашите земји имаат птореба од понатамошна поддршка во домашните реформски процеси преку активно вклучување на корисниците со цел постигнување на европските стандарди“, рече Димитров.

Тој информира дека во рамки на првата фаза од програмата, 80 отсто од затворскиот персонал ги зголемил своите знаења и вештини од темите за човекови права, а воспоставен е и полициски механизам за надворешен надзор во однос на полициската работа.

Со проектот за поддршка на засилен пристап до услуги за бесплатна правна помош со повисок квалитет, Димитров појасни дека беа спроведени правни анализи за Министерството за правда во процесот на финализирање на законот за бесплатна правна помош.

„Со акцијата Борба против економскиот криминал, беше направен напредок од воспоставување на регистар за корисничка сопственост. Во рамките на акцијата за спречување и борба против трговија со луѓе се спроведуваат обуки на приближно 90 отсто од трудовите инпектори во земјата, додека предлог законот за државен фонд за компензација за жртви на насилни злосторства е во завршна фаза за подготовка“, рече Димитров.

Колин Волф од Европската Комисија, вели дека хоризонталниот инструмент како да не го истакнува до крај фактот дека се работи на едно многу важно прашање, како што е владеењето на правото, и без кое луѓето не можат да имаат нормален живот.

Владеењето на правото, како што посочи, е суштинска важност за секој поединец, за сите групи, за демократијата, демократските институции, поддршката на демократските институции, еден од најважните концепти во кој треба да веруваме.

„Хоризонталниот инструмент работи на овие прашања, кои се важни за многу аспекти во однос на општествениот живот и очекувањето на граѓаните од нивните лидери. Ова е важно и за успешен економски раст затоа што на делумните субјекти потребна им е сигурност при владеење на правото. Луѓето мора да знаат дека се заштитени, и ова е важно за справување со многу предизвици кои се присутни во нашите земји, како на пример да се задржат младите луѓе во регионот. Врз основа на ова начело можеме да создадеме Европа сконцентрирана на вредностите кои ги исполнува и спроведува“, рече Волф.

Волф потсети дека Европската комисија препорача да се отворат преговори за членство со нашата земја и со Албанија, и се надева дека ќе биде донесена позитивна одлука следната недела на Советот на министри и на Европскиот совет.

Тој и честита на Северна Македонија за сите напори што ги презема за сите теми на кои се зборува на регионалната конференција.

Во рамки на настанот, учесниците имаат можност да учествуваат во работата на паралелни тематски работилници, од кои секоја покрива теми од четирите главни тематски области: обезбедување правда (затвори и полиција; правда и човекови права), борба против корупција, економски криминал и перење пари; борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (образование, човекови права и спречување на дискриминација; трговија со луѓе) и слобода на изразување и
медиуми.

актуелно димитров промена регион
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.