Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров за недоразбирањата со Бугарија: Или заедно ќе победиме, или заедно ќе изгубиме
Македонија

Димитров за недоразбирањата со Бугарија: Или заедно ќе победиме, или заедно ќе изгубиме

мај 14, 2021Updated:мај 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Нашиот случај е тест за Европската Унија дали ние во регионот на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ и дали ветувањето за европската перспектива на регионот, дадено во Солун во 2003 година и повторено во Софија во мај 2018, се уште важи. Ние имавме безусловна политичка одлука од март минатата година од сите земји членки дека треба да ги почнеме преговорите за членство, но ова се уште не е реалност.“ Ова денеска го истака вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панелот насловен „Остварување на долгоочекуваното ветување“ во рамки на Делфи економскиот форум во Атина, на кој учествуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

За Димитров, прашањето за спојување или раздвојување на Северна Македонија и на Албанија на некој начин е погрешно.

„Мислам дека огромно мнозинство од земјите-членки се за одржување на две меѓувладини конференции со нас и со Тирана, ова е заедничка цел, ова е нешто за кое работиме. Двете земји исполнија се што беше наложено, процесот на пристапување треба да се заснова на постигнувања, и мислам дека е крајно време да почнат пристапните преговори. Ние сме земја која најдолго чека. Ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација по Словенија, пред Хрватска, двете земји се земји-членки подолго време, ние сме земја кандидат 16 години, Албанија шест години, и имавме многу негативни преседани во нашата европска сага“, истакна Димитров.

На прашањето на новинарот на панелот дали е можно решение во наредните неколку месеци со Бугарија и што досега македонската Влада има направено и планира да направи за да ги зголеми шансите за договор, и дали решението е само до Софија, Димитров вели дека ова во моментов е клучно прашање.

„Овој пат влогот е голем и станува невозможно да се одржиме и да продолжиме да зборуваме за европската перспектива за граѓаните на Македонија, влогот е голем и за Европската Унија бидејќи ветувањето е тука и ако ветувањата не се исполнат тоа испраќа многу негативна порака. Најголемиот влог е до нас, бидејќи ние сакаме да го почнеме европскиот пат. Но, влогот е голем и за Бугарија и за пријателството меѓу двете земји. Ќе биде приодно за нашите соседи, кои се и членки на ЕУ, да имаат најголем интерес од европска Македонија, од успешна приказна во нивното соседство. Од оваа перспектива треба да пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија“, рече Димитров.

Според Димитров, иако сега таму има техничка Влада, нови избори на 11 јули, но и претседателски избори наесен, како и избори во разни земји-членки, не треба да се изгуби моментумот и да се чека.

„Мислам дека после сето ова немаме луксуз да кажеме дека ќе чекаме. Треба да се обидеме да го зграпчиме моментот, да најдеме начин да ги надминеме пречките, и јас ова го гледам како ‘вин-вин-вин’, или ‘луз-луз-луз’, сценарио. Немаме сценарио каде Бугарија ќе добие, а ние ќе изгубиме, или и двете сме добитнички, или двете губитнички. И Европската унија е во истата кошница со нас. Се обидовме со еврокомесарот Вархеји, претходно со германското претседателство, сега е португалското претседателство, и сметам дека имаме можност да го вратиме моментумот на европската идеја на Балканот. Не смееме да го изгубиме тој моментум“, истакна Димитров.

Патем, тој потсети дека земјава досега има многу направено, го реши 25-годишниот спор со Грција, за кој доби и меѓународни и европски признанија, а исто така потпиша и Договор за пријателство со Бугарија и дека сме посветени на негова имплементација и, како што рече, навистина е крајно време да го почнеме овој пат.

„За мене, како прв човк на СЕП, ми е многу тешко да зборувам за европската перспектива, ако ЕУ не испорача, бидејќи ние тогаш не можеме да испорачаме на граѓаните, заклучи Димитров на панелот „Остварување на долгоочекуваното ветување“.

Еврокомесарот Вархеји, пак, на прашањето на новинарот дали смета дека ако нема договор за Скопје и Тирана, барем Албанија да започне со преговори, дали е подобро еден отколку ниеден и дали има согласност во Комисијата за ова прашање, Вархеји одговори дека добра вест е што земјите-членки сакаат да ги почнат првите меѓувладини конференции со двете земји.

„Ова е позитивен развој на настаните кој е основа на која сме подготвени да работиме. Се уште имаме неколку седмици пред нас и се надевам дека во јуни ќе имаме договор за двете земји за отпочнување на првата меѓувладина конференција. Но за тоа ќе треба сите земји-членки да се согласат. Тоа е таков процес и работиме на тоа да ја обезбедиме поддршката од сите земји-членки за двете земји“, рече Вархеји.

Во однос на неговата изјава за разделување на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека „тоа е констатација на она што е веќе очигледно“.

„Ако не успееме да обезбедиме договор за двете земји, неизбежно е дека ова прашање ќе биде истакнато и ќе треба да дадеме одговор. Во меѓувреме работиме и правиме напори и за двете земји“, заклучи Вархеји.

 

(Фото: МИА)

актуелно димитров ЕУ Западен Балкан унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.