Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Антикорупционерите бараат Лекарската комора да отвори истрага за Софијанова
Истраги

Антикорупционерите бараат Лекарската комора да отвори истрага за Софијанова

јануари 28, 2022Updated:јануари 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бара од Лекарската комора на Република Северна Македонија да го истражи случајот со директорката на Клиниката за педијатрија, Аспазија Софијанова, која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија.

ДКСК која е ненадлежна да постапува по предметот, ќе ја достави пријавата до Лекарската комора и ќе бара да биде известена за тоа што е преземено по оваа пријава.

„При разгледување на предметните наоди цениме дека во постапувањето на наведеното службено лице треба да се земат предвид начелата утврдени во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, особено начелото на интегритет од член 4, став 2 според кој службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должен да ги почитува начелата на законите особено во конкретниов случај етичките норми и професионалните стандарди“, рече Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Образложувајќи го предметот, истакна дека во Кодексот за медицинската деонтологија по членот 87, став 1 се вели дека вршењето на пропаганда на разни санаториуми, институти , клиники, за фармацевтската индустрија, козметика или за одделни здравствени работници не е во согласност со професијата лекар и оти таквите стручни известувања може да се објавуваат само во строго стручни или тесно специјализирани гласила.

„Во ставот 3 се вели дека морално етички не е дозволено лекарот да ги става својата професија и професионалните контакти во функција на граѓанска афирмација и други активности. Во членот 18, став 4 од Кодексот за медицинската деонтологија се вели дека лекарот не смее исто така да се здобива со корист од награда или за пропагирање на фармацевтска, козметичка или други производи од овие области“, појасни Георгиев.

Согласно ова, како што посочи, сметаат дека немаат надлежност да постапуваат, бидејќи не се работи за прекршување на членовите од Законот за корупција.

„Дефинитивно сметаме дека овој предмет треба да се достави на надлежно постапување на Лекарската комора на РСМ, имајќи предвид дека единствена надлежност е токму да се грижи и да го следи и надгледува спроведувањето на правилата на медицинската етика и деонтологија и да презема мерки во случај на нивно прершување“, рече Георгиев.

Членот на ДКСК Софка Пејовска Дојчиновска дополни дека Лекарската комора покрај директни вакви предмети како дојава, треба да води грижа за севкупното однесување на лекарите во однос на оваа појава – рекламирање лекови, суплементи, храна за деца итн.

 

 

 

 

 

(Извор: МИА)

актуелно дкск докторка истражување клиника лекарска мкомора случај
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.