Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Во Фокусот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

мај 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.447.674 лица. Од нив починале 344.773, а оздравеле 2.274.479 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во БиХ се регистрирани само два нови случаја на коронавирус, соопшти Кризниот штаб на Федералното Министерство за здравство. Во БиХ денеска има најмал број на новозаразени во последните два месеца.

– Само два нови случаја на Ковид-19 беа регистрирани во Грција во изминатите 24 часа, со што вкупниот број се зголеми на 2.878 заразени лица. Од почетокот на епидемијата биле направени 153.963 тестови, 965 повеќе од вчера.

– Од анализирани 1.953 примероци во изминатите 24 часа, на Кипар биле регистрирани осум нови случаи на Ковид-19. Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 935 лица.

– По топлотниот бран, кој во претходните денови го зафати Израел, граѓаните на таа земја ќе мораат повторно во јавност да носат заштитни маски, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Обврската за носење маски времено беше укината минатата недела по драстичното зголемување на температурата, но израелското Министерство за здравство денеска повторно ја воведе таа мерка.

– Пулмологот Бранимир Несторовиќ изјави дека создавањето вакцина против коронавирусот не оди најдобро, а онаа која ја подготвува компанијата на Бил Гејтс е многу лоша и не би ја прифатил. Тој истакна дека од 15 лица кои ја примиле, тројца имале тешки дејствија, а осум имале антитела.

– Во Хрватска во изминатото деноноќие потврден е еден нов случај на заразен со коронавирус, со што вкупниот број на заболени достигна 2.244 лица, а досега од последици на Ковид-19 се починати 99 луѓе, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

– Во Австрија во изминатите 24 часа се регистрирани само 24 новозаразени случаи со коронавирус, со што продолжува добриот тренд, кој овозможува натамошно ублажување на мерките воведени поради пандемијата.

– Бројот на заразени случаи со коронавирус во Индија се зголеми за рекордни 6.767 во текот на изминатиот ден, достигнувајќи вкупно 131.868 лица, соошти индиското Министерство за здравство. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа се зголеми за 147 и моментно изнесува 3.867 починати. Индија веќе трет ден по ред го урива рекордот по број на новозаразени случаи со новиот коронавирус.

– Во Србија денеска не е регистриран смртен случај од коронавирус, а потврдени се 68 новозаразени случаи. Досега во земјата вкупно се починати 238 лица, заразени 11.159, а излекувани 5.857 лица.

– По речиси повеќе од три недели, во Албанија денеска е регистрирана нова жртва од Ковид-19, со што вкупниот број на почнати се зголеми на 32 лица. Станува збор за 64-годишна жена од Тирана која боледувала и од мозочен лимфом. Во последното деноноќие од направените 146 тестови на сомнителни случаи, потврдени се девет новозаразени, со што вкупниот број изнесува 998 лица. Во списокот на оздравени се 789 лица или 79 отсто од вкупно заразените. Активни на болеста се 177, а болнички се лекуваат само 15, од нив четворица се на интензивна нега.

актуелно Ковид-19 состојба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.