Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДОБРА РАБОТА: Индија заработи милијарди евра од руската нафта
Берза

ДОБРА РАБОТА: Индија заработи милијарди евра од руската нафта

ноември 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со увоз на евтина руска нафта, Индија заштеди приближно 2,7 милијарди долари во првите девет месеци од оваа година, пресмета „Ројтерс“ врз основа на владините податоци. Индија е трет најголем увозник и потрошувач на нафта во светот, со околу една третина од вкупната вредност на нејзиниот увоз.

Годинава ја замени Европа како најголем купувач на руска сурова нафта испорачана по море, откако Западот воведе санкции кон Русија по влегувањето на руските трупи во Украина.

Пристапот до евтина руска нафта и овозможи на Индија да го намали увозот од Блискиот Исток, каде што цените се зголемија откако Саудиска Арабија го намали снабдувањето, заедно со другите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, за да го стабилизира пазарот.

Во деветте месеци, заклучно со септември, Индија увезла 69,06 милиони метрички тони руска нафта, што е еквивалентно на 1,85 милиони барели дневно, вклучувајќи ја и руската нафта увезена преку Јужна Кореја, Грција и Шпанија, покажаа податоците на Министерството за трговија.

Во тој период, просечната цена на руската нафта испорачана до индиските рафинерии беше 525,60 долари за тон, вклучувајќи ги и трошоците за испорака и осигурување, покажаа пресметките на „Ројтерс“ направени врз основа на податоците на министерството.

Просечната цена на ирачката нафта, која по квалитет е слична на таа на руската Уралс, во истиот период изнесуваше 564,46 долари за тон.

Тоа значи дека Индија со купувањето на руска нафта заштедила 2,7 милијарди долари, покажаа пресметките.

Така Русија стана нејзин најголем снабдувач на нафта, истиснувајќи го Ирак на второто место. Саудиска Арабија, пак, падна на третото место.

Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, според „Ројтерс“, заштедила речиси 10 милијарди долари благодарение на рекордните набавки на нафта од земјите што се под западни санкции, вклучувајќи ја и Русија.

Индија, потсетува новинската агенција, за разлика од Кина, не купува венецуелска и иранска нафта.

Со увоз на руска нафта индиските рафинерии ги намалуваат трошоците за суровините, што ги зголеми бруто-маржите за преработка и ја ублажи загубата на приходи поради субвенционираните цени на горивата во малопродажбата.

Државните рафинерии не ги менуваа цените на пумпите повеќе од една година, помагајќи ѝ на владата во нејзините напори да ја запре високата инфлација.

Побарувачката за деривати во Индија годинава порасна за околу 14 отсто.

актуелно Европа индија Иран Кина нафта русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.