Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Договорот од Преспа ги раздели Ципрас и Каменос
Европа

Договорот од Преспа ги раздели Ципрас и Каменос

јануари 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изгласаните уставни измени во македонското Собрание и префрлената топка на соседниот терен, донесоа турбуленции во грчката Влада и бурен ден во Грција, но и најава за уште побурна седмица со гласање доверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас, а веројатно веднаш потоа и ратификација на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот од Преспа ги раздели коалициските партнери. Панос Каменос по вчерашната 40-минутна средба со Ципрас во премиерската палата соопшти дека се повлекува од Владата образложувајќи дека „прашањето на Македонија не му дозволува да не ја жртвува фотелјата“ и си даде оставка од позицијата министер за одбрана.

Алексис Ципрас пак, решен да оди до крај. Продолжува со надеж дека Владата ќе го истурка четиригодишниот мандат се до октомври и затоа ќе бара поддршка од Парламентот.

„Ја донесов одлуката, го известив претседателот на Парламентот дека набргу ќе пристапиме кон процесот предвиден од Уставот и правилникот на Парламентот, за обновување на довербата на мојата Влада, за да одиме напред со апсолутно мнозинство“, рече Ципрас во изјавата по средбата со Каменос.

За оваа негова одлука тој веќе го извести и претседателот на Парламентот, Никос Вуцис кој денеска на состанокот со неговите потпретседатели ќе предложи почеток на седницата во вторник напладне и гласање доверба на владата во среда навечер.

Независни Грци нема да гласаат за доверба на Владата, соопшти лидерот на партијата Панос Каменос, кој за причините за овој став и за повлекувањето од коалицијата говореше на прес-конференција, час и половина по средбата со Ципрас.

„Во конкретниот момент кога се поставува прашањето за доверба за Владата, но во суштина јасно се крие прашање за доверба за Договорот од Преспа, со тежина на срцето, велиме „не”, рече Каменос, кој уште еднаш го повтори неговиот став дека тие не можат да поддржат и не се согласуваат со решение што го содржи терминот Македонија, но повторно го спомена и неговиот предлог и во Грција да се одржи референдум за Договорот од Преспа.

Во однос на Договорот од Преспа, Каменос рече дека не е ништо друго освен прелиминарен договор, што е противуставен, бидејќи не е потпишан од претседателот.

На прашањата на дописничката на МИА од Атина, која е неговата проценка дали Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, Каменос не даде јасен одговор, додека во однос на тоа дали Независни Грци би го поддржале протоколот за наше членство во НАТО, кусо и категорично одговори „не”.

На прес-конференцијата одржана во хотел во центарот на Атина, присутни беа четворица пратеници на Независни Грци, од кои сигурно е дека тројца ќе го следат неговиот пат, додека пак отсуствуваа министерката за туризам Елена Кундура и заменикот министер за земјоделство Василис Кокалис.

Од најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, за последните случувања во грчката Влада коментираа дека станува збор за режирана разделба на Ципрас и Каменос, „претстава што има за цел ратификацијата на Договорот од Преспа, останување на СИРИЗА на власт и задржување на фотелјите од страна на Каменос и неговите пратеници”.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, проценките на официјална Атина се дека Владата ќе добие 151 глас колку што е потребно за изгласување доверба.

 

(Извор: МИА)

 

 

Алексис Ципрс Атина Грција македонија НАТО преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Силното невреме што ја зафати Грција, поплави улици, објекти, домови

октомври 15, 2026

НАТО ќе организира голема вежба во Европа

септември 30, 2026

Силен земјотрес ја погоди Грција

септември 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.