Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Договорот од Преспа ја вжешти атмосферата во Грција пред денешниот протест во Атина
Македонија

Договорот од Преспа ја вжешти атмосферата во Грција пред денешниот протест во Атина

јануари 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, атмосферата во Грција е особено вжештена.

Закани преку телефон до пратениците кои го поддржуваат решението меѓу Македонија и Грција, плакати со нивни фотографии од една страна, протест против договорот во центарот на Атина од друга и кампања од владата за промоција на Договорот од Преспа од трета страна.

За 14 часот по локално време е закажан протестот на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент против Договорот од Преспа  под слоганот „Македонија значи Грција“, организиран од т.н. „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Очекувањата на организаторите кои нивната кампања против Договорот од Преспа ја водат во најголем дел преку социјалните мрежи, се дека денеска на Синтагма масовноста ќе биде поголема во однос на минатиот протест одржан во февруари минатата година.  А преку видео спот ги повикуваат сите Грци „да излезат пред грчкиот Парламент за да го поништат предавничкиот договор од Преспа и да извикаме Македонија е грчка“.

„Сите Грци на Синтагма за Македонија, во недела 20 јануари во 14 часот ја водиме наголемата битка. Сите ја преземаме нашата одговорност пред историјата. Присутни сме на големиот собир. На Синтагма во недела во 14 часот, сите Грци ќе бидеме таму, пред грчкиот Парламент за да го поништиме предавничкиот договор од Преспа и да извикаме Македонија е грчка. Никој да не отсуствува, повикуваат организаторите.

Исто како и за минатогодишниот протест, така и сега, организиран е превоз од сите делови на Грција, а трошоците се на товар на самите граѓани. Организаторите велат дека само од северниот дел на земјата очекуваат над 3.000 автобуси, а нивните проценки се дека од 150 до 200 илјади граѓани во Атина ќе стигнат со автобуси.

Периферијата и општините од областа Централна Македонија, општини од други делови на Грција, митрополити од земјата, претставници од Света гора, политичари и пратеници од грчките партии, според најавите, го поддржуваат собирот и ќе учествуваат во протестот.

На присутните овој пат нема да им се обрати Микис Теодоракис, туку веројатно ќе биде прочитана негова порака. Но, познатиот грчки композитор преку отворено писмо што го објави весникот „Та неа“ им се обраќа на грчките пратеници во пресрет на ратификацијата на договорот и ги повикува да не „сторат криминал врз Грција, бидејќи штетата што ќе се предизвика ќе биде непоправлива“.

актуелно Грција Договор преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.