Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Договорот со Македонија е адутот на Ципрас за досега сработеното
Некатегоризирано

Договорот со Македонија е адутот на Ципрас за досега сработеното

јули 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Делови од телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери од денот кога беше постигнато решението меѓу Македонија и Грција, инсерти од Преспа од потпишувањето на Договорот и порака од обраќањето на Ципрас до грчката јавност, се вклучени, меѓу другото, во видеото што денеска на социјалните мрежи го објави кабинетот на грчкиот премиер, посветено на Договорот од Преспа.

Ова, како што јави дописничката на МИА од Атина, е дел од кампањата на грчката влада „Беше исправно, го спроведовме во пракса“, за досега сработеното.

Со овој слоган завршува видеото посветено на Договорот меѓу Македонија и Грција

Под наслов „Договорот од Преспа е голема дипломатска победа и голема историска шанса“, од кабинетот на грчкиот премиер откриваат како беше закажана средбата од двете страни на Преспанското езеро.

Видеото започнува со пејзажи од Преспа, а потоа се префрла во канцеларијата на Ципрас. Датумот е вторник, 12 јуни 2018, денот кога беше постигнат договорот. Грчкиот премиер, во присуство на неговиот советник за надворешна политика, разговара со Заев.

„Зоран, го знаеш регионот на Преспа?“, во еден момент го прашува Ципрас неговиот македонски колега, додека на тефтерот што е пред него, напишан е зборот „Преспес“ (Преспа на грчки јазик).

Видеото открива и мал дел од дијалогот на двајцата премиери.

„Ова е Балкан, ова е политика. Ти ќе се соочиш со тешкотии, јас исто така ќе се соочам со тешкотии, но мислам дека историјата ќе ги оправда нашите одлуки“, му вели Ципрас на Заев.

„Ние сме многу среќни. Да. Ова е историско, пријателе“, одговара Заев.

Договорот од Преспа е историски момент за Балканот и за нашите народи, пишува во еден дел од видео кое е пропратено со музика, освен во деловите каде што има дијалог.

Веројатно откако веќе се договориле двајцата премиери, Ципрас му вели на Заев, дека е среќен што ќе биде првиот премиер што ќе ја посети нашата земја.

„Би бил среќен дека ќе бидам првиот премиер што ќе ја посети Северна Македонија“, со насмевка на лицето, вели грчкиот премиер.

По постигнатиот телефонски договор, Алексис Ципрас имаше обраќање до грчката јавност, а еден дел од неговиот говор, каде што вели дека „се отвора прозорец кон иднината, прозорец на солидарност, пријателство и соработка, просперитет и заеднички развој меѓу народите“ е вклучен во видеото.

Од канцеларијата на Ципрас и од 12 јуни, режисерот на видеото се префрла на 17 јуни во Преспа, за време на потпишувањето на Договорот.

„Денес, овде во Преспа, започнуваме заедно да пишуваме една нова песна. Нашата цел е оваа радосна песна да се пее за многу векови. На нашиот јазик и на вашиот јазик. Во нашата земја и во вашата земја. Од нашиот народ и од вашиот народ“, рече Ципрас веднаш по потпишувањето на Договорот, а токму оваа изјава е вметната во видеото додека се прикажуваат инсерти од свеченото потпишување.

актуелно Грција Договор Заев македонија преспа ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.