Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Донација од Владата на САД за Министерството за внатрешни работи
Македонија

Донација од Владата на САД за Министерството за внатрешни работи

декември 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска во Министерството за внатрешни работи амбасадорот на САД Н.Е. Џес Бејли на министерот Оливер Спасовски му ја предаде донацијата на опрема и возила за Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Опремата и возилата со вредност од околу 500.000 долари се обезбедени од Владата на САД преку програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при амбасадата на САД во Република Македонија.

 

 

„И денеска, како и многу пати претходно, имаме чест да ве информираме за уште една важна и вредна донација од нашите пријатели – Соединетите Американски Држави, а наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.  Овој пат, македонската полиција добива донација во технички средства, што веднаш ќе бидат ставени во функција во соодветните организациони единици на МВР, а дел од нив како двете комби возила односно мобилни системи за откривање радиоактивен материјал ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е Царинската управа на Република Македонија – рече Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека од почетокот на воспоставувањето на граничната полиција во рамки на МВР од 2004 година наваму, односно на концептот на интегрирано  гранично управување, владата на САД преку оваа програма е најсилниот партнер и поддржувач на реалното организационо, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција.

„Овде не се работи само за речиси стотината донации во разновидна техничка помош, туку и за стручната, професионална и техничка едукација и обука на полициските службеници во рамки на граничната полиција. Оттаму, сакам во оваа прилика уште еднаш во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите докажани пријатели- владата на САД и амбасадата на САД во Република Македонија за нивното конзистентно и цврсто партнерство во реформирањето и развојот на македонската полиција како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и регионалната и глобална безбедност- рече Спасовски.

 

 

Амбасадорот на САД Н.Е. Џес Бејли рече дека програмата за контрола на извоз и гранична безбедност и Министерството за енергетика на САД ја даваат оваа донација за да ги подобрат капацитетите на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за да спроведуваат професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност.

„Програмата EXBS ѝ помага на Македонија веќе 17 години и има обезбедено повеќе од девет милиони долари помош преку донирање на опрема и обуки. Оваа донација денес е само уште еден пример за силата на партнерството на САД, преку Програмата и Министерството за енергетика, со Владата на Македонија. Би сакал да упатам пофалби на Граничната полиција, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за нивните заложби за заштита на македонската граница и внатрешната безбедност. Ви посакувам голем успех во идната работа во ова поле и се радувам на нашето постојано партнерство – рече амбасадорот Бејли.

Донацијата е во вредност од околу 500.000 долари, а се состои од две специјални комбиња со мобилна опрема за откривање на радијација, патролен чамец кој ќе се користи за надзор на Охридското езеро, како и уред за вештачење мобилни електронски уреди.

возила донација македонија мвр САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.