Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Достигнувања и придобивки на мерката Самовработување од Оперативниот план
Македонија

Достигнувања и придобивки на мерката Самовработување од Оперативниот план

мај 25, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати и комуникологот, Бојан Кордалов се сретнаа со млади лица во Центарот за социјално претприемништво и разговараа за придобивките и достигнувањата на мерката Самовработување од Оперативниот план кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Министерката со своето воведно обраќање ги поздрави присутните млади и ги охрабри да ги користат мерките на Владата на Република Северна Македонија. Таа посочи дека секоја идеја може да дојде до реализација и дека мерката самовработување може да го овозможи тоа.

„Претходните успешни години на Оперативниот план се доказ на ефективноста на оваа мерка. Во изминатите две години 1.412 млади  до  29 години и 1.564 жени регистрирале свои фирми“ информираше Тренчевска.

Таа исто така ја објасни мерката самовработување.

„Она што се нуди со оваа мерка е финансиска поддршка од 5.000 евра за едно лице и 10.000 евра за содружници кои сакаат заедно да го отворат бизнисот и заедно да го раководат“ рече Министерката.

За досегашниот успех на Оперативниот план и за идните планови зборуваше и директорот на агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати.

„Оваа година за имплементација на Оперативниот план е предвиден најголем буџет досега, во износ од над 32 милиони евра, со кој е планирано да бидат опфатени  14.536 лица. Особено сакам да ја истакнам мерката Обуки за напредни ИТ вештини, за што оваа година е двојно зголемен планираниот опфат и истиот изнесува приближно 800 лица. Воедно важна е да се потенцира и успешноста на Гаранцијата за млади, каде во 2022 година се вклучиле 20.185 млади невработени лица, од кои 43% во период од 4 месеци се вработиле или се вклучиле во некоја од активните мерки вработување“ рече Мурати.

Комуникологот Бојан Кордалов се осврна и на важноста на слободата кај младите луѓе како што е можноста сами да одлучуваат за себе и да избираат што како и кога ќе работат. Тој ваквата слобода ја поврза со користењето на мерките кои ги нуди МТСП заедно со АВРСМ.

„Со користење на мерките кои ги креира МТСП, младите луѓе треба да можат непречено и директно да го менуваат системот, услугите, менталитетот, односно да креираат држава по своја мерка од што корист може да има секој човек. Потсетувам дека младите се иднината, но многу повеќе сегашноста и таа порака ја очекуваат и од надлежните институции. Со споделување на успешни приказни од млади луѓе кои со своите бизнис идеи успеале ќе се намали младинската неинформираност и ќе се даде поголема шанса да бидат вклучени во креирањето на политики и мерки наменети токму за младите луѓе“ рече Кордалов.

Тој исто така истакна дека токму тоа може да биде единствен мотив кој ќе ги охрабри младите да не се иселуваат по секоја цена и државата да ја чувствуваат дека им припаѓа еднакво и на нив, а не дека општеството постои само за политичарите и партиите.

На настанот беа присутни и 4 лица кои претставуваат успешни примери кои ја искористиле мерката самовработување од Оперативниот план за активни мерки и програми. Лицата имаа прилика да го презентираат својот бизнис и да ги охрабрат младите и тие да се одлучат на чекор кон исполнување на своите бизнис идеи и планови. Настанот беше модериран од страна на младинскиот активист, Иван Дургутов.

актуелно мерка придобивки самовработување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.