Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дојран и Демир Капија интензивно работат на збогатување на туристичките содржини
Економија

Дојран и Демир Капија интензивно работат на збогатување на туристичките содржини

февруари 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Туризмот годинава полека, но сигурно ќе се враќа во нормала. Се уште главна потпора ќе бидат домашните и гостите од регионот. Руралните области ќе го доживеат својот пик во посета на гости и покрај тоа што ќе се преферираат кратки патувања во помала група луѓе или семејства. Кампањата за подигнување на свеста на домашните туристи за домашниот туристички потенцијал „Дома си е дома” продолжува и натаму откривајќи што се може да се посети во земјава, според мерките и протоколите за заштита од КОВИД, велат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ).

Според Агенцијата, во моментов, Демир Капија и Дојран интензивно работат на збогатување на туристичките содржини.

– Демир Капија, покрај Демиркаписката Клисура и виното, се повеќе станува дестинација и за гастрономија. Општината која интензивно работи на означување на најзначајните туристички локалитети, се подготвува и за Денот на вљубените, негувајќи ја и домашната традиција со закројување на лозјата. Акцентот на Демир Капија е ставен на руралниот туризам, како и можностите за развој на еко туризмот, што е од особена важност во време на пандемија. Винската приказна Демир Капија ја збогатува со вкусна храна, правејќи ја совршена ено-гастро дестинација за сите годишни времиња, наведуваат од АППТ.

И Дојран не застанува со подготовките за туристичката сезона 2021 година.

– И покрај тоа што најголем број на гости се очекува да бидат домашните туристи и гостите од регионот, општината дополнително поставува знаци и сигнализација и за странски туристи, правејќи го Дојран поатрактивна туристичка дестинацијата. Ено-гастро туризмот и во оваа општина е од огромно значење, со што промоцијата се става на дојранскиот крап кој може да се вкуси во оваа дестинација која претентира да биде една од посериозните еко-пријателски дестинации за одмор, стои во соопштението од АППТ.

Демир Капија дојран туризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.