Двајца патници на летот на Рајанер од Малта до лондонскиот аеродром Станстед се скарале за седишта, како што објави британски „Сан“, откако едниот одбил да го пушти другиот да помине, дошло до туркање, па морале да интервенираат и другите патници кои, на крајот, ги разделиле двајца мажи со вжештени глави.
„Британец не му дозволи на Американец да помине за да дојде до неговото седиште што беше веднаш до прозорецот… Почнаа да се навредуваат и пцујат еден со друг, а тогаш изби тепачка… Летот доцнеше два часа, сите во авионот беа изнервирани“, изјавил сведок за „Сан“.
„Никогаш нема да се вратиме дома“, негодувале патниците.
Во разделувањето на агресивниот двоец на крајот морал да се вклучи и кабинскиот екипаж на Рајанер.
ФОТО: Screenshot/YouTube







