Млада жена неочекувано се породила додека била на летот на „КЛМ“, од Еквадор до Амстердам, минатата недела, соопшти холандската болница која ја примила патничката.
Неколку часа пред слетувањето во средата, жената почувствувала болки во стомакот и отишла во тоалетот.
„Во тоалетот, по неколку кратки контракции, жената роди син“, соопштија од болницата ‘Спарнсе Гастхуис’ (Spaarnse Gasthuis), додавајќи дека тврди оти воопшто не знаела дека е бремена.
Во авионот имало двајца лекари и една медицинска сестра од Австрија кои пружиле помош.
Како што наведуваат од болницата, мајката на својот син му го дала името по едно од лицата кои и пришле на помош: Максимилијан.
Мајката била пренесена во болница по слетувањето на аеродромот „Шипхол“.
И мајката и синот се добро, известија од болницата.
Жената ќе го продолжи патувањето до Мадрид, како што првично планирала, откако болницата и ја доставила потребната документација за детето.
(Фото: Илустрација)







