Белгиската полиција вечерва започна евакуација на главната железничка станица во Брисел и еден од главните плоштади откако стигнаа известувања за експлозија на подрачјето на станицата.
Повикувајќи се на неименуван висок претставник на белгиската служба за безбедност, АБЦ њуз јавува дека после мала детонација војската, која стигнала на местото на настанот, застрелала еден осомничен.
Белгиските медиуми јавуваат дека убиениот на себе имал експлозивен елек и дека бил на време „неутрализиран“, и дека извикувал „Алах акбар!“
На социјалните мрежи се појави и фотографија од моментот на детонацијата во просторот на станицата.
Полицијата за сега само првично информираше дека состојбата е под контрола, не изнесувајќи притоа никакви детали.
На фотографиите од местото на случувањето видливо е дека на улиците околу железничката станица се наоѓаат поголем број полициски и амбулантни возила.
Градот е во состојба на засилена полициска контрола повеќе од 18 месеци откако милитантите на Исламска држава од Брисел изведоа напади во Париз во кои беа убиени 130 луѓе во ноември 2015 година и после изведоа бомбашки напад на бриселскиот аеродром и градската поземна железница во март минатата година.








