Грчка крајбрежна стража отвори оган на турски товарен брод во водите не Егејското море.
Како што пренесува турски „Хуриет“ на местото на инцидентот стасале и два брода на тирската крајбрежна стража. Турскиот весник наведува дека Грците стрелале во знак на предупредување, а дека на на бродот што пловел под турско знаме биле изброени 36 дупки од куршуми.
За сега нема информации дали во инцидентот има повредени.
Бродот „М/В АЦТ“, наводно, превезувал челик од јужното турско пристаниште „Искандерун“ и се движел кон северозапад, кон заливот Измир во Мраморното море.
Според првичните информации, при преминот на турскиот брод во Егејското море, грчата крајбрежна стража побарала бродот да оди во пристаништето на островот Родос за да се провери товарот. Капетанот на бродот, Сами Калкаван, наводно, ја игнорирал неговата наредба, после што стражарите од патролниот чамец отвориле оган.
Грција и Турција одамна се во конфликт поради делот од територијалните води во Егејското море, економските зони и повеќе територии на копно. Конфликтот речиси ескалираше во 1987 година, а потоа и во 1996 година, и до денешен ден не е решен.







