Триесет и девет рудари се заробени под земја во рудникот на „Вале“, „Тотен“, во Сатбарија во Канада, соопшти денеска таа бразилска рударска компанија.
„Вале“ во соппштението наведува дека сите работници веројатно ќе бидат спасени до вечерва.
„Дознавме дека никој од нив не е повреден“, се додава во соопштението.
Несреќата во рудникот за бакар, никел и благородни метали се случила во неделата кога возилото кое ги превезувало рударите излетало од шините. После тоа, вработените отишле во засолниште, направиле комуникација со компанијата и имаат пристап до храна и вода.
Спасувачки екипи моментно работат на извлекување на рударите од јамата.







