Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Државниот карантин од 15 дена за граѓаните на товар на државата
Во Фокусот

Државниот карантин од 15 дена за граѓаните на товар на државата

март 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Околу 2.300 државјани на Република Северна Македонија е бројката, кои досега се пријавиле и кои ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата“, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека нема податоци каква е нивната здравствена состојба и уште еднаш повтори дека не е време за патување во странство.

„Тие се пријавуваат по телефон, по и мејл, а главно барањето е како да си дојдат дома. Некогаш успеваме, во смисла на убедување каде слетуваат, ако е тоа некоја од нашите соседи, некогаш не успеваме, меѓутоа главното барање е тоа“, одговори Димитров на новинарско прашање колку граѓани кои се во странство се обратиле и каква помош побарале.

На прашањето каде ќе бидат сместени по влез во нашата држава и дали има наши граѓани позитивни на вирусот во странство, шефот на дипломатијата одговори дека не е сигурен каде ќе бидат, рано е да се каже, меѓутоа, подвлече, има и државни објекти, има и хотели во приватна сопственост кои се понудени на државата за вакви ситуации.

Битно е, истакна тој, да го подигнеме капацитетот за државен карантин, условите подобри за да го заштитиме здравјето на целото населени.

„Вчера е формирано работно тело. Ние ќе направиме се што може условите да бидат добри и да се грижиме за здравјето на луѓето што ќе ни се враќаат, храната, дезинфекцијата, чистењето, луѓето во државниот карантин ќе бидат еден до двајца во соба, меѓутоа не сум сигурен каде
точно ќе бидат“, рече Димитров.

На новинарско прашање дали сериозно се размислува за воведува полициски час, министерот Димитров се осврна на вчерашните упатства до МВР и АРМ во координација да направат оперативни планови во смисла на ограничување на движењето со цел да се спречи ширењето на вирусот.

„Според некои информации од Италија по воведување на такви мерки
ширењето драстично паднало од 46 на 23 проценти. Во таа смисла, денеска во попладневните часови ќе имаме седница на Владата. Ќе имаме образложение од Комисијата за борба против заразни болести и ќе имаме претставници на врвните епидемиолози кои ќе не информираат од стручен аспект што тоа ќе значи и како тоа е најдобро да се организира. Но, да не прејудицирам одлуки на седница што се уште не е започната“, рече на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 

актуелно државен карантин
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.