Газдата на ФОН, Сефер Цаноски, вели дека ќе отвори ново професорско место на својот универзитет, наменето за квалификации какви што поседува новиот доктор на науки, Никола Груевски.
„Објавуваме конкурс за доц. доктор на економски науки по предметот: Руинирање, рушење и изживување врз домашните приватни и капитални инвестиции.
Кандидатите што имаат практично искуство со дополнителни инструменти како што се : тнт, челични топки и сл ќе имаат предност при вработувањето. Со почит ,
Универзитет #НемАправдАнемаМир“, напиша Цаноски на својот фејсбук профил откако Груевски ја одбрани докторската дисертација.
Според „бомбите“ што ги објави тогашниот опозициски лидер, сега премиер, Зоран Заев, Груевски и, во тоа време министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, телефонски договараат рушење со динамит на комплексот Космос, во сопственост на таткото на Сефер, Фиат Цаноски.