Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европа ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан
Македонија

Европа ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан

октомври 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската комисија и Европскиот парламент уште еднаш ја поддржаа европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Бугарските европратеници, пак, со остри критики кон властите во Македонија.

Андреј Ковачев изрази разочарување по обединувањето на власта и опозицијата во Македонија околу носењето на законот за здруженија на граѓани, а Ангел Џамбаски зборуваше за „омраза“ со палењето на бугарскиот клуб во Битола и протестите во Охрид, тврдејќи дека законот којшто се носи во македонскиот парламент е за забрана на бугарски имиња.

Комесарот за европска соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, рече дека нема да ги коментира овие настани бидејќи се води истрага за нив во земјата, а Комисијата следи се што се случува.

Претходно, пратеничката од зелените, Тинеле Стрик, побара од Бугарија и од другите земји членки на ЕУ да ги почитуваат дадените ветувања и да внимаваат повторно да нема вето од Бугарија за Македонија.

Комесарот Вархеји, кој пред неколку дена пред европратениците во Комисијата за надворешни работи ги презентираше анализите и прогнозите на Комисијата за европската политика за проширување во контекст на тешката геополитичка ситуација, во обраќањето на пленарната сесија инсистираше на влијанието на претпристапното финансирање, состојбата со владеењето на правото во земјите пристапнички и другите фундаментални реформски прашања.

Посочи дека ЕУ и Комисијата ќе се посветат на повеќе краткорочни и среднорочни проекти од енергетиката, како преносот на струјата, колективното греење и миграцискиот проблем кој претставува се поголем притисок за земјите од регионот.

Вархеји потсети дека Македонија и Србија веќе учествуваа на состанокот за заедничко купување на енергија за да се намали зависноста од руските извори на енергија.

Во однос на обврските на земјите од регионот, тој инсистираше на обврските на земјите од регионот во исполнувањето на реформските обврски, поздравувајќи го одржувањето на првата Меѓувладина конференција на 19 јули годинава на Македонија и Албанија, повикувајќи ги да го искористат процесот на скрининг за продолжување на ритамот на реформи.

Европратениците, со исклучок на неколку од нив, претежно од крајната десница, го поздравија официјалниот почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија минатиот јули и ја повикаа ЕУ да го либерализира визниот режим за Косово. Тие, исто така, побараа од Србија да се усогласи со рестриктивните мерки на ЕУ против Русија. Најголемиот број од нив се заложија ЕУ да ги исполни ветувањата за земјите од регионот.

актуелно балкан бугарија Европа македонија скрининг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.