Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕДНОГЛАСНА ПОДДРШКА: Си Џинпинг обезбеди трет мандат и стана најмоќниот лидер во Кина од Мао Це Тунг
СВЕТ

ЕДНОГЛАСНА ПОДДРШКА: Си Џинпинг обезбеди трет мандат и стана најмоќниот лидер во Кина од Мао Це Тунг

март 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска кинескиот претседател Си Џинпинг (69) обезбеди нов петгодишен мандат, трет едно по друго, едногласно, од речиси три илјади членови на кинескиот парламент, Националниот народен конгрес (НПЦ), што е и преседан бидејќи станува најмоќниот лидер на земјата по Мао Це Тунг.

На изборот немаше друг кандидат, а гласањето траеше околу еден час, додека електронското пребројување заврши за околу 15 минути.

Си во 2018 година ги укина ограничувањата на претседателските мандати, а неговото владеење веќе беше продолжено минатиот октомври, кога повторно беше потврден за уште пет години како генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија.

Во следните два дена, се очекува да бидат именувани или избрани функционери одобрени од Си за пополнување на највисоките владини позиции, вклучувајќи го и Ли Кијанг, кој е на чекање за премиерската функција и за кој се очекува да биде назначен на втората позиција во Кина, за да раководи со втората најголема економија во светот.

Изборот на државните лидери во парламентот се одржува три месеци по укинувањето на строгите политики поврзани со ковид-19 и новиот бран на инфекции предизвикани од високо преносливиот вид на вирусот „омикрон“ што ја зафати земјата, заради што во парламентот сите делегати и персоналот, освен десетина највисоки челници, носеа маски.

Во понеделник, Си ќе одржи говор пред затворањето на годишното заседание на парламентот, додека Кина се соочува со голем број предизвици, вклучувајќи ја и економијата, попречена од тригодишното забавување од Ковидот и влошените односи со Западот.

Претходно оваа недела, Си ги обвини САД и Западот за тешкотиите со кои се соочува кинеската економија.

Покрај претседателска улога, која е главно церемонијална, партијата повторно го избра Си за претседател на Централната воена комисија, со што почна и неговиот трет петгодишен мандат како врховен командант на вооружените сили на Кина.

Парламентот, исто така, ги избра Жиао Леи (66) за нов претседател на парламентот и Хан Женг (68) за нов потпретседател, и двајцата од претходниот тим на партиски лидери на Си во Постојаниот комитет на Политбирото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Ноел Селис)

актуелно Кина Мао Це Тунг Џинпинг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.