„Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатиштата Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид.
Судечкиот совет, по барање од адвокатот по службена должност што му беше одреден на Груевски, констатирал застареност на случајот поради истекот на шест години од стореното дело, а без правосилна пресуда.
Груевски беше обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од една до три години.
ИЗВОР: МИА







