Регионалната платформа „Балкан синема ситис“ (Balkan cinema cities) во соработка со неколку центри за култура и фестивалот „Џифони Македонија“ месецов организира
едукативни работилници и проекции на филмови за деца во рамки на проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“.
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар утре ќе биде прикажан детскиот филм „Магичното огледало – двоја неволја“.
Филмот беше претходно прикажан на фестивалот „Џифони Македонија“, а на 29 октомври ќе биде прикажан и во Центарот за култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Во рамки на „Џифони Македонија“ беше одржана првата работилница „Готвиме филм“ за деца од 10 до 14 години заедно со Давор Панчевски (Dave’s Kitchen).
Проектот вклучи уште една работилница – „Сликаме филм“ која се одржа во Струмица под менторство на ликовниот уметник Љубомир Арнаудов, каде што децата ја цртаа омилената филмска сцена во различни техники.