Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Економскиот инвестициски план потврда за посветеноста на Брисел да го зајакне процесот на проширување
Политика

Економскиот инвестициски план потврда за посветеноста на Брисел да го зајакне процесот на проширување

октомври 8, 2020Updated:октомври 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Економскиот инвестициски план за Западен Балкан вреден девет милијарди евра претставен заедно со пакетот за проширување е потврда дека Брисел е посветен да го зајакне процесот на проширување, оцени еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вчера за време на посетата на Скопје.

Вархеји кој лично го донесе и го презентираше Извештајот за реформскиот напредок на С Македонија и Економскиот инвестициски пакет за Западен Балкан, еден ден по официјалната презентација во Брисел, на прес-конференцијата со домаќинот премиерот Зоран Заев го стави акцентот на економскиот пакет на ЕУ чија цел е значителен поттик за економиите во Западниот Балкан за заздравување од кризата, постигнување забрзан одржлив развој како и подобрување на условите за живот.

Ова е само понуда, додаде тој, и зависи од тоа дали ќе бидат испорачани реформски резултати во борбата против корупцијата, владеењето на правото, во судството и во јавното обвинителство

„Ова е навистина голем пакет. Тоа се 9 милијарди евра од нашиот буџет, а нашите меѓународни партнери и институции со коишто работиме во регионот се подготвени да обезбедат дополнителни 20 милијарди евра за регионот,…Планот е регионален, не се работи за тоа колку ќе добие секоја поединечна земја, треба да му се помогне на целиот регион за да се развие во наредните 5-6 години“, рече Вархеји.

Премиерот Заев истакна дека во Извештајот за нашата земја е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата со ЕК се наоѓа на многу повисоко ниво, дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Посебно се издвојуваат наодите во областите фундаментални вредности, избори, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата од кои, вели Заев, може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.

„Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на ЕК за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности кои натаму ќе се преточат, се надеваме, во преговарачките позиции на нашата земја“, рече премиерот Заев.

Тој го издвои како исклучително важен економскиот инвестициски план за Западен Балкан за кој, рече, еврокомесарот Вархеји има најголема заслуга, а со кој ќе бидат поддржани многу важни проекти за Северна Македонија како транспортното и енергетското поврзување, дигитализацијата, зелената агенда, социјалните инвестиции и енергетските проекти во целиот регион.

„Проектите се спремни. Амбицијата за имплементација е следните четири години за време на мандатот на Вархеји и на оваа Влада и се надевам ќе имаме прилики заедно со Вархеји да ги пуштаме во употреба сите овие проекти за поврзување на нашите градови и регионот. Северна Македонија е подготвена со овие проекти и верувам
дека ќе бидеме еден позитивен пример во севкупното покажување на имплементацијата и ќе ги оправдаме овие поддршки преку реформите кои се обврзуваме дека ќе ги завршиме во следниот период“, истакна Заев.

Еврокомесарот Вархеји кој беше во еднодневна посета на земјава вчера се обрати и пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, имаше работен ручек со претседателот Стево Пендаровски, а се сретна и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Посетата на Скопје еден ден по презентацијата на годишниот извештај за
реформскиот процес на земјата во Брисел, е дел од неговата регионална турнеја каде втора точка е Албанија.

актуелно Брисел процес проширување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.