Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕК ја разгледува можноста транспортерите од Западен Балкан да се третираат како пилотите и машиновозачите
Македонија

ЕК ја разгледува можноста транспортерите од Западен Балкан да се третираат како пилотите и машиновозачите

февруари 3, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На состанокот на претставниците на ЕК и министрите од регионот било истакнато и дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од земјите од Шенген-зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.

Се разгледува можноста транспортните превозници да бидат ставени во истата категорија на работници како пилотите и машиновозачите – порачале претставниците на Европската комисија (ЕК) на денешниот онлајн состанок со надлежните министри од земјите од Западен Балкан, чии превозници, согласно новите правила за влез и за излез од ЕУ, ќе беа соочени со ограничен престој во Шенген-зонатЕвропските претставници потврдиле дека превозниците се прифатени како професионалци и најавиле целосна посветеност во изнаоѓање на трајно прифатливо решение кое ќе биде во интерес на сите засегнати страни.

Министерот за транспорт Александар Николоски, кој учествуваше на онлајн состанокот заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, истакнал дека во исчекување на трајно решение, ЕК треба реално да го идентификува проблемот со транспортниот сектор и набрзо што може да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортерите.

Во насока на решавање на проблемот со транспортерите, според најавите, ќе се формира работна група на експертско ниво која следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок, а претставниците на ЕК најавиле дека комуникацијата меѓу сите засегнати страни ќе продолжи и натаму.

Дополнително, на состанокот било истакнато дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од земјите од Шенген-зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.

Денешниот состанок на кој учествуваа министри од земјите од Западен Балкан беше инициран од претставниците на ЕК откако транспортните превозници од земјава и регионот ги блокираа граничните премини со Шенген-зоната поради најавените ограничувања за нивниот престој во Шенген по воведувањето на новиот систем за влез во ЕУ.

актуелно балкан ЕУ западен машиновозачи можност пилоти разгледување транспортери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.