Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Електродистрибуција ќе има обврска најмалку еднаш на три месеци да ги чита струјомерите
Економија

Електродистрибуција ќе има обврска најмалку еднаш на три месеци да ги чита струјомерите

јуни 14, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега.

Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител, Насер Зибери што се одржа во просториите на Народниот правобранител на барање на омбудсманот.

„Повод за денешната средба е нашата иницијатива за начинот на отчитување на мерните единици кои беа причина за голем број на претставки изминатата година, а кои Народниот правобранител ги констатираше дека граѓаните се жалат на паушално фактурирани сметки за потрошена електрична енергија и неможноста истите да се плаќаат. Затоа покренавме иницијатива да ја видиме регулативата како тоа прашање е уредено и дали во таа насока може да се подобри состојбата за да може на граѓаните да им се олесни товарот кој им доаѓа како резултат на плаќање на сметките за потрошена струја, изјави Зибери по средбата.

Тој нагласи дека за оваа тема се одржаа две средби со РКЕ на кои, како што кажа, им било укажано дека операторот е должен најмалку еднаш годишно да ги отчитува струјомерите за што сметаат дека често пати претставува товар кој особено се појави како проблем при крајот на 2021 година кога дојде до зголемување на цената на електричната енергија. До омбудсманот во тој период пристигнале околу 90 поплаки. За тоа имало и реакции од здруженијата на граѓани кои се занимаваат со заштита на правата на потрошувачите, а и РКЕ упатила апел до граѓаните да поднесуваат приговори за сметките што ги добиле во тој период.

„Во разговорите со РКЕ дојдовме до заеднички став дека правилата треба да претрпат промени во овој дел и да стане обврска операторот да ги отчитува броилата најмалку квартално што значи четирипати во годината, а по потреба и почесто. Сметаме дека тоа ќе придонесе граѓаните да не добиваат постојано фактурирани сметки без увид во реалната состојба на струјомерите и реалната потрошена електрична енергија, потенцира Зибери.

Бислимоски денешниот настан го оцени како одличен пример на соработка на две независни институции за олеснување на проблемите на граѓаните.

„РКЕ пристапи кон измена на правилата за снабдување со електрична енергија со што операторот на дистрибутивниот систем – Електродистрибуција најмалку четири пати во текот на годината да ги отчитува броилата со дополнителна препорака особено редовно тоа да го прави во текот на зимските месеци кога имаме и најголем број на поплаки пред се поради тоа што граѓаните ја користат електричната енергија за загревање. Во таа насока се и останатите измени кои ги правиме на тарифниот систем со воведувањето на блоковите кои предвидуваат блоковите да не бидат фиксни, туку да зависат од бројот на денови на отчитување на броилата, прецизира Бислимоски и додаде дека граѓаните од тој аспект ќе бидат безбедни.

Најави дека ќе се разгледа и можноста да им се олесни плаќањето на граѓаните на сметките за струја за да имаат рамномерни трошоци во текот на целата година преку тоа што ќе им дадат можност вкупно потрошената струја за една година да ја плаќаат на 12 еднакви рати, односно по иста сума месечно наместо да имаат пикови во текот на зимската сезона кога висината на сметките е најголема.

„Врз основа на трошоци кои биле во претходната година доколку сакаат граѓаните за следната година трошокот од претходната ќе може да им се подели на подеднакви 12 месечни рати. Тоа е со една единствена цел да има рамномерен и предвидлив трошок во текот на целата година, истакна Бислимоски и посочи дека за тоа ќе биде отворена дебата и ќе има состаноци со Електродистрибуција за да нема пикови кога граѓаните се греат на струја, а во летните месеци да доаѓаат ниски сметки.

 

ИЗВОР/ФОТО: МИА

актуелно електродистрибуција рке сати читање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.