Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Електронски систем за наплата на сите патарини со 13,7 милиони евра
Економија

Електронски систем за наплата на сите патарини со 13,7 милиони евра

септември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со 13,7 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР и Буџетот, ќе се воведе електронски систем за наплата на сите патарини, со што ќе се забрза транспортот, ќе се олесни протокот на возила и ќе се намали метежот.

Средствата во износ од 13 милиони евра се од ЕБОР, а државата обезбедува 700 илјади евра.

Договорот за користење на средствата од ЕБОР беше потпишан денеска во Скопје од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

На потпишувањето на Договорот присуствуваше и минситерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со проектот се предвидува надградба и модернизација на постојните наплатни станици за патарина долж Коридорот VIII, изградба на три нови наплатни станици за патарина на автопатски делници што се во тек на изградба – две на автопатoт Миладиновци-Штип и една на автопатoт Кичево-Охрид.

Се предвидува инсталација на опрема за поврзување на надградените и новите наплатни станици за патарина со оперативниот центар за патарини во Петровец.

Издвоени се средства за дизајн и изградба на дополнителна лента за зголемување на капацитетот на наплатната станица за патарина на Миладиновци долж Коридорот VIII.

Со проектот е предвидено и инсталирање фотоволтаични соларни панели на сите постојни и нови наплатни станици за патарина, кои се градат на целата автопатска мрежа.

Со воведувањето на електронскиот систем на патарините се очекува зголемување на ефикасноста на протокот на возила и зголемување на приходите од патарини.

За три месеци, како што рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, граѓаните го прифаќаат овој начин на наплата и дека се издадени 9.200 електронски картички и тагови за наплата на патарина кои се применуваат на
патарините долж Коридорот 10.

Китанов е задоволен од наплатата и вели дека таа изнесува 98 проценти.

Зголемената наплата, според него, се должи на максималната контрола и тоа дека се патува повеќе и очекува годинава да се наплатат повеќе средства од патарина од претходната година кога биле прибрани максимален износ.

Електронскиот систем за наплата е дел од интелегентниот транспортен систем со кој ќе се модернизира транспортот и ќе се зголемиме функционалноста, безбедноста и предвидливоста на сообраќајот на патиштата.

„Наша конечна цел е да создадеме хармонизиран транспортен сектор, интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, кој ќе го стимулира економскиот развој на земјата и ќе биде од бенефит не само за граѓаните денес, туку и за генерациите што следуваат“, рече Сугарески.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека вложувањето во подобра инфраструктура е еден од клучните приоритети на оваа Влада.

„Приоритет е и подобрувањето на услугите кои ги добиваат граѓаните од државата. Од таа причина, договорот кој го потпишуваме денеска со Европската банка за обнова и развој е од исклучително значење за сите нас. Со имплементација на овој договор ќе се обезбеди побрз и полесен транспорт, без гужви на патарина, зголемена безбедност во сообраќајот, и воведување на електронски систем за патарини на територијата на целата земја“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додаде и дека преку проектот ќе се подобри ефикасноста на наплатата на патарини, што пак ќе придонесе зголемување на обемот на приходи на ЈПДП и нивно користење за подобрување на одржување на патната мрежа во земјава.

Директорот на Канцеларијата на ЕБОР истакна дека Банката поддржала седум проекти во патната инфраструктура во земјата во висина од 360 милиони евра.

Тој посочи дека овој проект е всушност втора фаза од спроведувањето на централизираниот електронски систем за наплата на патарини.

„Со проектот ќе се поддржи користењето обновлива енергија од фотоволтаични соларни панели за снабдување на сите наплатни станици за патарина ширум земјата со енергија. Воедно, овој проект ќе придонесе за намалување на емисијата на штетни гасови бидејќи ќе се намали времето на чекање за корисниците на патиштата на Коридорот VIII“, рече Аранитаси, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава.

Условите под кои се зема заемот од ЕБОР се исклучително поволни – каматната стапка од 6-месечен ЕУРИБОР плус 1 отсто, односно во моментот еден отсто камата, рок на отплата од 15 и пол години со грејспериод од четири години.

актуелно Електронски систем патарини
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.