Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Епидемиолошката состојба стабилна, првите вакцини на крајот на јануари или почетокот на февруари
Градови

Епидемиолошката состојба стабилна, првите вакцини на крајот на јануари или почетокот на февруари

јануари 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Епидемилошката состојба во земјава е стабилна, а прекршувањата за празниците не биле чести, оценија здравствените власти по завршувањето на новогодишните и божикните празници. Се надеваат дека ќе продолжи трендот на намален број на хоспитализирани пациенти, а за крајот на јануари или почетокот на февруари најавуваат дека ќе пристигнат и првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот. За две недели се очекува да пристигне и лекот „Ивермектин“.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека со вакцините кои треба да пристигнат од сите механизми, ќе бидат вакцинирани 1,2 милион граѓани во земјава, што е речиси 60 проценти од населението. Очекувањата на здравствените власти се дека со нив треба да се постигне колективен имунитет.

Во изјавата за медиумите, Филипче соопшти дека првите дози што се обезбедуваат преку Ковакс механизмот можно е да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Станува збор за вакцината на „Фајзер“, а следна која доаѓа предвид, како што посочи, е вакцината на „АстраЗенека“.

-Освен најавата дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина, како што нема ни една земја од Ковакс-системот. Очекуваме тоа да биде следниот чекор, изјави Филипче, одговорајќи на новинарски прашања.

Преку Ковакс-механизмот во земјава треба да пристигнат 833 илјади дози вакцини за над 400 илјади граѓани. Дополнително како резултат на директните преговори со компанијата „Фајзер“ се очекуваат околу 800 илјади дози, а дел се очекува и од солидарниот механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

За две недели се очекува во земјава да пристигне и лекот „ивермектин“ кој ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД. Лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови.

-Студиите покажаа дека „Ивермектинот“ се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, коишто имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар, нагласи Филипче.

Најновите податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека во земјава се регистрирани 100 нови случаи од направени 764 тестирања. Најмногу од новозаболените повторно се во Скопје – 47. Битката со вирусот ја изгубија 11 пациенти од кои најмладиот на 41 година. Институтот за јавно здравје регистрираше 551 оздравен пациент во изминатите 24 часа.

Според министерот Филипче, епидемиолошката состојба во земјава е прилично стабилна. Намален е бројот на хоспитализирани пациенти, има доволно медицински кадар и слободни болнички кревети.

– Значајно се намалува бројот и во овие изминати денови на  пациенти на коишто им е потребна хоспитализација, а и понатаму е оној тренд на одржување на оној исклучително мал број хоспитализирани пациенти во сите болници не само во Скопје, туку и ширум државата. Верувам дека ќе остане вака, верувам  овие прекршувања на мерките навистина не беа чести и не беа многу, гледавме по телевизиите и мислам дека сме во еден период на стабилна епидемиолошка слика во која што добро се менаџираат и делот на симптоматски пациенти на коишто им е потребно тестирање. Значајно се олесни и тој дел со тестирање со брзите тестови во сите јавни здравствени установи и во делот на   хоспитализација каде што има сосем доволен број болнички кревети и сосем  доволен број лекари, медицински сестри за третман на пациентите, изјави Филипче.

До 21 јануари останува угостителските објекти да работат до 18 часот. Потоа по автоматизам, тие се враќаат на старото работно време до 21 часот, но не е исклучено да биде разгледана можноста да биде прифатено барањето на угостителите да работат до 23 часот.

За министерот Филипче, барањето на угостителите е логично и ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.

– Скратувањето на времето рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници, и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Ние, ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа, истакна вчера Филипче, одговорајќи на новинарски прашања.

Дел од угостителите излегоа со барање од понеделник да работат не до 21:00, туку до 23 часот. Ова следуваше по изјавата на министерот Филипче дека ако остане состојбата стабилна, ќе им се врати работното време до 21 часот.

Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година. Нивната цел беше да се спречи ширењето на КОВИД и зголемувањето на бројот заболени за новогодишните и божиќните празници. Мерките треба да престанат да важат на 21 јануари.

 

 

актуелно епидемиолошка состојба стабилна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.