Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕПОХАЛНА ОДЛУКА: Јеховините сведоци се откажаа од практиката по која беа препознатливи
Живот и Стил

ЕПОХАЛНА ОДЛУКА: Јеховините сведоци се откажаа од практиката по која беа препознатливи

ноември 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јеховините сведоци ќе ги препознаете по тоа што одат од врата до врата и ја делат својата литература по улиците, но веројатно не сте знаеле дека во минатиот век за сите свои активности и „успеси“ редовно мораа да ги известуваат водачите на нивните собранија (конгрегации), кои сакаа да знаат колку точно часови нивните следбеници вложуваат во таква услуга. Тие извештаи, „мерени“ по час, биле клучна мерка за духовната виталност на конгрегацијата и фактор за одлучување кој ќе стане лидер.

„Бевме под силен притисок, сакавме да ги исполниме дадените квоти и не јадеше чувството на вина кога тоа не успевавме да го направиме“, открија поранешни следбеници за бизарната практика, која беше на сила од 1920 година, а овој месец конечно е укината.

„Нашата служба е многу повеќе од броење време. Убедени сме дека ќе продолжите да служите со сета своја душа и дека нема да ве мотивира обврска, туку посветеноста на Јехова. И нашите водачи ги чека голем предизвик што се однесува на адаптацијата. Ќе мора добро да го познава своето јато за правилно да го проценат нечие духовно здравје и квалификации, на крајот на краиштата, тоа не е само работа за пресметување на просечно време поминато во службата, рече на годишниот состанок на Јеховините сведоци во Њујорк, Семјуел Херд, член на Управното тело за деноминација, пренесува АП.

Укинувањето на условот за бројот на часови се однесува на „објавувачите“ или на обичните следбеници вклучени во активна служба, кои сега ќе треба да поднесуваат само месечни извештаи во кои ќе наведат дали воделе некаква евангелистичка активност и проучување на библита, без да наведат колку часови потрошиле на тоа.Оние што ќе се пријават за пообемна услуга, „пионерите“ или „мисионерите“, ќе продолжат да ги бележат своите часови.

Но, некои поранешни следбеници остануваат скептични за оваа историска одлука.

„Кога нашите бројки беа во плус, тоа секогаш се истакнуваше на состаноци или во публикации за да се покаже дека организацијата расте.

Но, ако бројките паѓаат, тој непријатен податок не се сака јавно да се прикаже“, вели поранешниот следбеник Мич Мелин од државата Вашингтон.

Покрај горенаведеното, некои мислат дека новата практика е поттикната од пандемијата на ковид-19, која ја оспорува Џарод Лопес, портпарол на Јеховините сведоци со седиште во државата Њујорк.

„Времето на службата растеше секоја година до пандемијата, достигнувајќи го врвот од повеќе од две милијарди часа ширум светот.

Пандемијата негативно влијание на бројките, но во 2022 година, кога ги обновивме посетите од врата до врата, успеавме да се опоравиме“, рече тој.

Поранешниот старешина Мартин Хау, од Јорк Хевен, во Пенсилванија, кој, меѓу останатото, ја напушти службата поради лошото постапување на деноминацијата со сексуалното злоставување, рече дека барањето за броење часови некогаш било централно во животот на следбениците.

„Тоа ни покажуваше колку кој му му е посветен на Јехова. Регионалните надгледници им викаа на старешините ако ефектот на нивната заедница заостануваше. Браковите се распаѓаа поради различните нивоа на посветеност на сопружниците, луѓето паѓаа во депресија… Сега барем веќе нема да ја има таа стигматизација“, изјави тој.

На неодамна одржаниот годишен состанок, беше извршена ревизија на толкувањето на библиските пророштва за Судниот ден, главниот фокус на Јеховините сведоци.

Водечкото тело сега прифаќа дека неверниците можат да ја прифатат вистината и да бидат спасени дури и во последното одбројување до Армагедон. Новото учење засега сè уште не предвидува конкретни датуми за „големиот крај“. Деноминацијата има 8,7 милиони следбеници ширум светот, од нив 1,2 милиони се во Соединетите Американски Држави.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Јирген Ритер/Имаго)

Јехова мисионери сведоци следбеници служба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Доктор открива кој пијалок има докажани придобивки за црн дроб

септември 22, 2026

Пума има нови патики што изгледаат како да доаѓаат од иднината

септември 22, 2026

Тајната на турскиот сладолед што речиси никогаш не капе, дондурма

јуни 24, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.