Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕРДОГАН ДОЖИВЕА ИЗБОРЕН ДЕБАКЛ: Турската опозиција неприкосновена во Анкара и Истанбул
СВЕТ

ЕРДОГАН ДОЖИВЕА ИЗБОРЕН ДЕБАКЛ: Турската опозиција неприкосновена во Анкара и Истанбул

април 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Турскиот претседател Таип Ердоган рано утрово изјави дека неговата владејачка партија не го постигнала посакуваниот резултат на вчера одржаните локални избори, додавајќи дека ќе се самокритикува и ќе се позанимава со недостатоците.

Турците ги казнија Ердоган и партија АКП ширум земјата, рушејќи ги надежите на претседателот дека ќе ги врати општините во Истанбул и Анкара, кои опозицијата ги освои во 2019 година.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Анкара, Ердоган рече дека изборите не се крај, туку пресвртница за неговиот сојуз, додавајќи дека изборниот циклус, кој датира од минатиот мај и ја исцрпи турската економија, сега е завршен.

Ердоган, кој е на власт повеќе од две децении, беше ангажиран во кампањата, особено во Истанбул, економскиот и културниот центар на земјата, чиј градоначалник беше во 90-тите години од минатиот век. Но, тоа не и помогна на неговата партија.

Актуелните опозициски градоначалници на Истанбул и Анкара вчера прогласија победа на локалните избори, што значи дека партијата на турскиот претседател загуби во двата најголеми града во земјата.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на најголемата турска опозициска партија ЦХП, околу полноќ еуфорично изјави дека останува прв човек на градот, велејќи дека води со повеќе од еден милион гласови по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.

Повторниот избор на Имамоглу за челник на најголемиот град во земјата ќе го вклучи во трката за претседателските избори во 2028 година.

И градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, исто така од партијата ЦХП, прогласи победа.

„Изборите завршија, ние продолжуваме да им служиме на Анкара и нејзините шест милиони жители без дискриминација“, вети тој.

Во останатиот дел од земјата, кандидатите на АКП очекувано водат во трката во неколку големи градови во Анадолија и на Црното Море, кои се упоришта на претседателот Ердоган.

Прокурдската партија ДЕМ најверојатно ќе победи во поголемите градови на југоистокот со мнозинско курдско население, вклучувајќи го и Дијарбекир.

 

 

Жестоки нереди на избирачките места, се вадеше оружје, луѓе се тепаа со лопати и камења, тројца загинати!

Локалните избори во Турција беа одбележани со насилство во кое загинаа најмалку три лица, а десетици беа повредени.

Во инцидент на југоистокот на Турција, групи луѓе се судрија со оружје, мотики и камења, а во таа прилика едно лице загина, а 11 се повредени.

Во друг инцидент, во тепачката, убиено е едно лице, а четворица се повредени, пишува Ројтерс.

Критичарите велат дека актуелната влада насилно го замолчува несогласувањето, дека ги крши човековите права и ги контролира судството и другите државни институции, што турските власти го негираат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Франс Прес / Твитер)

актуелно Анкара избори Истанбул Реџеп Таип Ердоган турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.