Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски договориле да постават набљудувачки пунктови во сириската северозападна област Идлиб, во близината на која Турција спроведува воена операција против вооружените групи на сириските Курди, јави турската телевизија НТВ.
Турската операција ги доведе во опасност американските, руските и другит воени сили и инструктори кои се распоредени во северниот дел на Сирија, поради што во тек се консултации за да се избегне судир меѓу нивните армии по грешка.
Руски медиуми јавуваат дека Путин и Ердоган изразиле задоволство од договорот постигнат на самитот во Сочи, каде овие две држави, помогнати од Иран, работа да се постигне политички договор меѓу поголем број сириски вооружени групи и сириската Влада.
И покрај проблемите кои се појавија на самитот, беше постигнат забележителен напредок, се согласиле двајцата претседатели.







