Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ердоган: Како што Турција нема претензии кон ниту една територија, нема да дозволиме узурпација на она што ни припаѓа
СВЕТ

Ердоган: Како што Турција нема претензии кон ниту една територија, нема да дозволиме узурпација на она што ни припаѓа

август 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска порача дека Турција ќе го земе она што ѝ припаѓа и во Средоземното Море и во Црното и во Егејското Море, јави агенцијата Анадолија.

Во Турција денеска се одбележува 949-годишнината од историската Битка кај Малазгирт (Манцикерт), и по тој повод во градот Муш се обрати турскиот претседател Ердоган.

Во фокусот на обраќањето на Ердоган беа актуелните тензии во Источниот Медитеран, при што турскиот претседател ги предупреди лидерите на другите земји кои ѝ го оспоруваат правото на Турција на истражување и експлоатација на природните богатства на тоа подрачје.

Тој подвлече дека Турција „ќе го земе она што ѝ припаѓа и во Средоземното Море, и во Црното и во Егејското Море“.

– Сакаме сите да бидат свесни дека Турција не е земја чија трпеливост, одлучност, спремност и храброст треба да се тестираат, предупреди Ердоган.

– Она што ќе го кажеме, тоа и ќе го направиме, по секоја цена. Оној кој е подготвен да застане пред нас, нека повели или нека ни се тргне од патот, додаде тој.

Турскиот претседател повтори дека Турција нема претензии кон територии на ниту една земја.

– Како што ние немаме претензии кон ничија територија, суверенитет и интерес, нема да дозволиме узурпација на она што нам ни припаѓа, рече Ердоган и ги повика своите соговорници, како што рече, „да се оддалечат од грешките што би можеле да им го отворат патот до сопственото уништување“.

Анадолија потсетува дека Битката кај Манцикерт, односно кај денешниот град Малазгирт во источна Турција, се случи во 1071 година кога турските Селџуци, предводени од султанот Алп Арслан, го победија византискиот цар Роман IV. Последица на поразот беше ослабената одбранбена моќ на Византијците, но и доселувањето на турско население во историската област Анадолија.

Битката кај Малазгирт во историјата се смета за пресуден настан кој е директно одговорен за подоцнежниот распад на Византија, а Селџуците, водени од победата во таа битка, ги продолжија своите победнички походи во Мала Азија.

Ердоган претензии територија турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Германскиот канцелар Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.