Турција спречи можно поставување на војници на сириската влада во енклавата Африн после разговорот што го имав со претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган притоа наведе дека во понеделникот разговарал и со Путин и со Хасан Рохани, претседателот на Иран, за Сирија и се што таму се случува, пренесува Ројтерс.
Турскиот претседател најави дека опсадата на Африн е во рамки на операцијата „Маслиново гранка“, која за цел има елиминирање на паравоените формации на Курдите на јужната граница на Турција кон Сирија.
Тој неколку пати повтори дека Турција нема намера да ги запре воените операции во енклавата и истакна дека ќе стори се за протерувањето на курдските Единици за заштита на народот, пренесува Ројтерс.
АП наведува дека Иран, Турција и Русија потврдиле дека нивните министри за надворешни работи ќе се состанат во Москва на 14 март.
Претходно, зборувајќи на конгресот на неговата партија Правда и развој (АК) во јужната провинција Амасија, Ердоган рече дека Турција ќе се заложи сириските бегалци кои моментно ги вдомува, да можат да се вратат во своите куќи откако границата ќе биде исчистена од екстремисти.







