Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕСКАЛАЦИЈА НА НАСИЛСТВАТА: Банди дивеат низ Шведска, премиерот ја повика војската на помош
Европа

ЕСКАЛАЦИЈА НА НАСИЛСТВАТА: Банди дивеат низ Шведска, премиерот ја повика војската на помош

септември 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шведскиот премиер го повика вчера командантот на вооружените сили да помогне во сузбивањето на порастот на убиствата кои им се припишуваат на бандите во таа земја.

Премиерот Улф Кристерсон денеска ќе се сретне со првиот човек на војската, Мајкл Бајден, и со шефот на полицијата за да разговараат за улогата на војската во соочувањето со загрижувачките последици од судирите меѓу бандите.

Само вчера двајца мажи се убиени во Стокхолм, додека 25-годишна жена загина во експлозија во куќа, во место северно од главниот град.

 

 

 

„Ќе ги ловиме бандите и ќе ги победиме ….“

Улф Кристерсон, премиер на Шведска

 

Сè уште не е јасно како точно војската би можела да се вклучи, но претходните разговори сугерираат дека војниците би можеле да преземат одредени полициски должности за да можат полициските челници да ослободат ресурси за борба против криминалот.

Но, лидерот на „Колектив Сорг“, група поврзана со Амнести интернешенел, Сакарија Хирси, мерките на премиерот ги смета за површни, оценувајќи дека тие не ги погодуваат темелните причини за насилството.

Тој повика на поголема акција против сиромаштијата на децата и зголемување на средствата за младинските клубови и социјалните институции со цел да се запре со насилствата.

Досега, во текот на септември, 12 лица се убиени во пресметките меѓу бандите, што е најголем број од декември 2019 година, се наведува во текстот на весникот „Дагенс Нихетер“.

Шведските медиуми порастот на убиствата го поврзуваат со судирот внатре во бандата позната како „Мрежата Фокстрот“, која ја потресуваат внатрешни судири и е поделена на две сопернички фракции.

Премиерот Кристерсон, во своето вчерашно исклучително ретко обраќање до јавноста посочи дека Шведска досега не видела вакво нешто и дека „ниту една друга земја во Европа“ не доживеала ваква ситуација.

Тој нагласи дека на децата и на недолжни минувачи низ целата земја се повеќе им се заканува опасност.

Според владиниот извештај од 2021 година, четири лица на милион жители умираат секоја година при престрелки во Шведска, во споредба со 1,6 во другите европски земји.

Во експлозија во текот на ноќта во Фулер, 80 километри северно од Стокхолм, е убиена жена за која се верува дека е сосед на лице поврзано со организиран криминал.

Малку порано, 20-годишно момче беше убиено во пукање во Јордбро, јужно од главниот град, а истиот ден, 18-годишно момче беше убиено во близина на спортски терен во Стокхолм, додека таму имало многу луѓе.

Минатата година, повеќе од 60 луѓе загинаа во престрелки во Шведска, што е најмногу досега забележано, а оваа година се очекува да биде исто или уште полошо.

Полицијата го поврзува насилството со лошата интеграција на имигрантите, се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните и употребата на дрога.

Десничарската малцинска влада на премиерот Кристерсон, која дојде на власт минатата година со поддршка на антиимиграциските Шведски демократи, уште не успеа да го запре насилството.

Премиерот вчера истакна дека владата ќе продолжи со зголемен надзор, со построги казни за кршење на законите за оружје, посилни овластувања за депортација и зони за запирање и пребарување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно банда криминал насилство Стокхолм шведска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.