Европската комисија денеска истакна дека очекува без одложување избор на нов собраниски спикер и формирање Влада базирана на парламентарното мнозинство кое веќе постои. Ова го изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ на денешната прес-конференција.
„Ние сме гласни за тоа што очекуваме да се случи во земјата и во оваа фаза. Ние го следиме развојот на настаните и постојано говориме во повеќе наврати дека мора да се почитуваат резултатите од последните парламентарни избори и сегашниот неизвесен застој, и Влада мора да се воспостави без одложување, базирано на парламентарното мнозинство кое постои.
Како што знаете, двајцата, високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита својата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување“, изјави Коцијанчиќ.







