Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ компромисот ги ослаби и субвенциите и условите за владеење на правото
СВЕТ

ЕУ компромисот ги ослаби и субвенциите и условите за владеење на правото

јули 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пет дена и четири ноќи макотрпни преговори донесоа компромис помеѓу 27-те земји членки, кој сите страни го презентираат како успех за нивната држава, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Од 750 милијарди евра за Фондот за закрепнување, 390 милијарди ќе одат во форма на субвенции. Ова е далеку помалку од она што го застапуваа Германија и Франција, кои сакаа 500 милијарди субвенции.

Малата група на таканаречени “штедливи“ земји, Холандија, Австрија, Шведска, Данска и Финска, успеаја да се изборат за значително намалување на износот на грантови, или субвенции, односно обемот на пари кои де факто ќе значат заеднички долг на ЕУ. Со месеци, “штедливите“ одбиваат “преголема“ помош за јужните земји без строга условеност со макрофинансиски и буџетски правила и покрај огромната штета врз здравствените системи на јужноевропските земји како Италија и Шпанија од пандемијата на коронавирусот.

Плановите за економско заздравување на земјите членки ќе бидат предмет на строг надзор од страна на Европската Комисија, како што бараше Холандија, согласно препораките кои оваа институција ги изготвува редовно за секоја земја членка, односно златните буџетски правила на ЕУ за финансиско управување – долг, дефицит, реформа на пазарот на трудот и на социјалните системи. Холандија исто така во овие преговори успеа да издејствува поголем попуст, односно поврат на средства од заедничкиот буџет, за себе и за другите “штедливи“ земји.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, кој го иницираа овој начелно амбициозен фонд за закрепнување, настојуваа да покажат дека оската Берлин Париз е силна и обединета и покрај разводнувањето на конечниот компромис.

Другата важна битка што се биеше околу буџетот и фондот за закрепнување беше онаа за условување на помошта со строги правила за владеењето на правото, посебно насочени со земји каде демократските институции се под силен напад како Унгарија и Полска, и кои се предмет на прекршочни процедури во ЕУ, процедури кои се одолговлекуваат и за сега не дале конкретни резултати. Процедурата член седум против Унгарија, изгласана од Европскиот Парламент, е блокирана во Советот на ЕУ каде мора да биде одобрена едногласно.

Иницијалниот предлог требаше да содржи јасен механизам со кој фондовите за помош ќе се ослободат под услов да се почитуваат начелата на правната држава. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан вчера ова го спореди со “советските методи“.

Конечниот компромис меѓутоа предвидува едноставно дека правната држава е “важна“ за ЕУ и дека финансиските интереси на Унијата мора да бидат заштитени согласно вредностите и принципите од повелбите на ЕУ.

Советот ветува дека ќе се “наврати на прашањето“. Но, унгарската и полската влада утрово се прогласија победници во овие преговори, истакнувајќи дека го спречиле силниот надзор на Брисел врз владеењето на правото и ги “заштитиле“ нивните национални интереси.

актуелно владеење компромис право субвенции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор

ноември 26, 2026

Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ

ноември 26, 2026

Пет продолжени викенди во 2027 година

ноември 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.