Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ повика на смиреност пред интензивна недела на преговори за Брегзит
СВЕТ

ЕУ повика на смиреност пред интензивна недела на преговори за Брегзит

ноември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, повика да се остане смирен и да се задржи фокусот врз „уредно“ напуштање на Обединетото Кралство на ЕУ.

Иако е постигнат напредок и се ближи можен краен исход од преговорите за првиот дел од Брегзит, спогодбата за повлекување на Обединетото Кралство, работата сѐ уште не е завршена, потсетија претпладнево челниците на Европската Унија.

„Се наоѓаме во одлучувачки момент, никој не треба да го изгуби од вид постигнатиот напредок во Брисел и Лондон, изјави Барние на прес-конференција.

Тој се заблагодари за поддршката на 27-те земји членки за пакетот за спогодбата за повлекување на Обединитото Кралство постигнато минатата недела.

„Европската страна треба сега да ги одреди внатрешните процедури и да се договори за продолжување на транзицискиот период, изјави шефот на преговарачкиот тим на ЕУ.

Во обид да се најде компромис, Барние вчера предложи можност дополнително да се продолжи транзицискиот период (кој начелно трае до декември 2020 со можност за едно пролонгирање), до 2022 година. За време на тој период, Лондон би продолжил да придонесува за европскиот буџет и да ги следи европските стандарди и правила, но не би имал повеќе европратеници ниту еврокомесар во извршната власт.

Според Барние, оваа идеја треба да обезбеди време за да се преговара вториот дел од Брегзит, а тоа е иднината на економските и трговските односи помеѓу двата блока.

Иако нема засега договор за оваа можност, според Барние „сите влади се согласни со принципот да се предвиди можност за пролонгирање“. Тој посочи дека такво продолжување ќе биде можно само еднаш.

Останува да се види како ќе реагираат земјите членки, како и Обединетото Кралство. Тврдите поддржувачи на Брегзит во Британија најверојатно би се спротиставиле на ваква можност со оглед на тоа дека сценариото предвидува дополнително финансирање и следење на европските правила, без можност да се учествува во носењето одлуки во ЕУ. Но и некои земји членки на ЕУ би можеле да се против оваа опција.

Следната недела шефовите на држави и влади треба да се состанат за Самит посветен на Брегзит на кој треба да се финализира спогодбата за напуштање и да се усвои политичка декларација.

„Разделбите никогаш не се лесни, но подобро е да се случат врз пријателска основа и да се изгради добар однос за иднината, изјави Гернот Блумел, австрискиот министер за ЕУ.

Брегзит британија ЕУ лондон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.