Европската унија го поздрави потпишувањето на билатералната Спогодба за добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија истакнувајќи дека тоа претставува инспирација за целиот регион.
„Спогодбата демонстрира одлучност на двете страни да ги преминат билатералните прашања и претставува инспирација за регионот“, се вели во заедничкото соопштение на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и комесарот на Унијата за проширување Јоханес Хан.
Европските претставници оценија дека овод договор претставува позитивен чекор напред во изградбата на добрососедските односи и унапредувањето на европските перспективи за Македонија во интерес на нејзините граѓани.
Спогодбата денеска околу пладне во владата на Македонија ја потпишаа македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов.







