Лагата е свесно изречена лага или измама и криење на вистината. Си подлажуваме од мали нозе… Ако никој друг, се лажеме самите себе…
Кога бевме мали, лажевме на мало. На училиште почнавме малку повеќе. А, сега, во сегашноста, како возрасни, како ништо да не се сменило. Лажеме дека сме добро, дека сме среќни, дека ништо не не боли, дека немаме никакви проблеми.
Освен што ги лажеме другите, ние се лажеме и самите себе… И така во недоглед…
И кога ќе погледнеме, целиот наш живот е испреплетен со лаги…
Но, што кога се ќе тргне наопаку?… Кога невината лага или криењето на вистината, сеедно како сакате, може да уништи се што до тогаш сте правеле?..
Како да се исправи грешката?…
Да се признае се’ или уште подлабоко да се вовлечеме во клопчето на измамите?
Без оглед на тоа какви се, мали, невини, добронамерни, потребни или непотребни, лагите се лаги, и порано или подоцна вистината ќе ја здогледа светлината на денот.
Затоа, апелирам, да се спасиме од срамот и црвенилото, да се спасиме себеси, а и другите, и да лажеме што помалку…затоа што кога еднаш ке бидете етикетирани, готово е.
А, на лажгото ниту вистината не му се верува.







