Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Жбогар: Големи последици по кризата ако економијата остане парализирана предолго
Македонија

Жбогар: Големи последици по кризата ако економијата остане парализирана предолго

април 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Пакетот од 66 милиони евра е првична поддршка, но ние веќе разгледуваме повеќе проекти, повеќе идеи како да ви излеземе во пресрет. Постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго, вели во интервју за Македонско радио евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој очекува во наредните недели во земјава да пристигнат медицинската опрема и материјали од најавената итна помош во вредност од четири милиони евра за земјава од ЕУ која ни додели првична помош во вредност од 66 милиони евра за справување со последиците од пандемијата со корона вирусот.

– Преговараме за другиот дел на средствата особено за оние 50 милиони евра кои ги доделивме. Деновиве преговараме со Владата за тоа кој ќе биде најефективниот начин за нивно користење и мислам дека кон крајот на април ќе имаме појасна слика. Потоа, доделивме девет милиони евра за мали и средни претпријатија за да им помогнеме во справувањето со последиците по кризата и, исто така, ќе помогнеме со три милиони евра буџетска помош особено за младите и ранливите категории на граѓани, вели Жбогар и истакнува деја ова е почетна помош и оти Европската Унија сега води интерни разговори за можна дополнителна помош за земјите од регионот, вклучувајќи ја и нашата земја.

Предупредува дека постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго.

-Тогаш ќе се справиме со далеку поголеми последици кога луѓето ќе ја изгубат работата, кога фирмите ќе пропаднат итн. итн. Затоа мислам дека е многу важно да ги преземеме сите потребни мерки сега, да избегнуваме контакти, да останеме дома за да се спречи ширењето на вирусот и да му помогнеме на медицинскиот персонал да се справи со кризата во повеќе или помалку нормална ситуација, затоа што ако излезе вирусот од контрола, тогаш ќе биде многу тешко за болниците да излезат на крај со пациентите. Затоа, му се придружувам на повикот до луѓето да останат дома и да размислат за тоа дека можеби вирусот не е опасен за нив, но може да биде опасен за многу луѓе, вели Жбогар, во интервју за емисијата „Радиоспектар“.

Тој истанува деја по сите напори направени од нашата земја, Европска Унија го испорача ветувањето за почеток на преговори.

-Дури и ако се случи тоа во вакво време, мислам дека е важно да се признае дека ова е патоказ, дека нешто важно се случи, дека ја преминавме линијата, се качивме во возот и возот ја напушти станицата. Земјите – членки решија да отворат пристапни преговори со вашата земја и сега процедурата е почната, вели Жбогар, оценувајќи дека позитивната одлука на земјите членки и нивните лидери се должи првенствено на промените и реформите кои беа направени во земјата.

Тоа, појаснува, беа промените и реформите направени дури и по октомври, дури и по разочарувањето во октомври кога вашата земја продолжи да испорачува реформи, продолжи да усвојува закони во Собранието, продолжи да прави други реформи. Тоа што ги натера земјите – членки да отворат преговори беше, се разбира, огромната поддршка која постои во оваа земја за интеграција, за пристапување во Европската Унија. Како што впрочем спомнав порано, 80 проценти од граѓаните ја гледаат нивната иднина во Европската унија, во европското семејство. Зборуваме за постојана поддршка, така што тоа беше еден важен елемент и, се разбира, тоа што е различно од октомври е дека земјите – членки се согласија за нова методологија за водење преговори, за нов начин на подобрување на преговарачкиот процес со цел да стане поефективен за двете страни во иднина, наведува евроамбасадорот Жбогар.

Како што оценува, нашата држава е подготвена да ги почне преговорите и тимовите да изградат преговарачки ставови за секое од поглавјата кои ќе бидат отворени.  – Се разбира, затоа е многу тешко да се предвиди кога ќе се одржи првата конференција на која ќе има формално отворање на преговорите. Исто така, поради состојбата со вирусот во овој момент е тешко за земјите – членки да одржат состаноци на кои ќе бидат физички присутни во Брисел. Имавме неколку виртуелни состаноци, но сепак тоа не е исто, особено кога преговарате за толку важен документ каков што е мандатот за преговори или, пак, Преговарачка рамка за преговори. Мислам дека ни е потребно да одржиме физички состаноци, а токму поради тоа во овој момент е тешко да се предвиди кога ќе се случи тоа. Но, мислам дека времето кое го имаме сега на двете страни треба добро да се искористи за да се подготват многу конкретно за преговарачките ставови за секое од поглавјата. Како што реков, Комисијата веќе се подготвува и ќе им го презентира тоа на земјите – членки во почетокот на јуни, вели Жбогар.

Новата методологија, укажува, треба да ги направи преговорите подинамични, попредвидливи и, исто така, поверодостојни и повеќе политички. – Луѓето ќе видат дека не станува збор само за штиклирање на завршени обврски или, пак, за бирократски одговори во преговорите, туку повеќе за вистинска промена на животот во самото општество. Ова е важно за нашите граѓани, но дури и поважно за вашите граѓани да видат. Значи, има многу надеж и очекувања од новата методологија. Вашата земја ќе биде првата која ќе ги почне преговорите по новата методологија и мислам дека е во интерес на Европската Унија и на вашата земја ова да успее, наведува Жбогар. лв/

актуелно Жбогар криза последици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.