Пет лица загинаа, а 60 се ранети во денешните судири на демонстрантите и полицијата во центарот на Багдад, каде што демонстрантите го минале главниот мост којшто води до Зелената зона, каде што се наоѓа седиштето на ирачката влада. Меѓу загинатите се четири демонстранти и еден полицаец.
Сведоци навеле дека демонстранти трчале по улиците, некои од нив носеле ранети луѓе, додека одекнувале истрели од „другата страна“.
Во судирите полицијата користела гумени куршуми, боева муниција и солзавец.
Десетици илјади Ирачани изминатите денови демонстрираа во централен Багдад и во шиитскиот јужен дел на Ирак повикувајќи на рушење на политичкиот систем.
Протестите се организирани заради раширена корупција, високата невработеност и лошите јавни услуги.
Силите за безбедност убија повеќе од 250 луѓе во протестите, од почетокот на октомври до сега.








