На натпреварот меѓу репрезентациите на Хрватска и Шпанија во Лига на нациите, се случи судир меѓу двете ѕвезди на мадридски Реал, Лука Модриќ и Дани Себалос.
Модриќ и Себалос на Максимир водеа голема битка, имаше многу напнатост меѓу нив, имаа неколку дуели и дури дојде до физичка пресметка. Капитенот на „коцкестите“ во еден момент за глава го фати клубскиот соиграч, пишува „Индекс“.
„Себалос ги бранеше боите на својата држава, како и јас. Се што ќе се случи на теренот, останува таму, на теренот. Се е во ред“, рече Модриќ по натпреварот.
Ситуацијата после средбата ја смируваше и Себалос.
„Имав мал проблем со Лука, ништо важно. Тоа е една од работите која останува на теренот. Лука е голем играч и прекрасна личност.“







