Со изложба на креативни дела изработени од учениците од основните и средните училишта од Куманово, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, денеска заврши кампањата на Националниот Ромски Центар (НРЦ) , „Доста е – надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“.
На завршната манифестација, граѓаните имаа можност да ги разгледаат пораките кои ги упатија учениците, а се однесуваат за надминување на стереотипити и предрасудите кон Ромите.
Целта на кампањата е да се влијае на учениците кон намалаување на предрасудите, стеротипите и дискриминацијата кон Ромите во образовниот процес.
„Учениците под менторство на професорите по ликовна уметност, заеднички работеа и твореа во претодните две фази од кампањата. На првата учествуваше и заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа која зборуваше за надиминување на стеротипите и предрасудите кон ромската етничка заедница и оттука учениците ги креираа пораките и мора да потенцирам дека беа многу креативни“- изјави, координаторот на проектот, Ирфан Мартез од НРЦ.
Денеска учениците и НРЦ го започнаа одбележувањето и на Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември.
Професорот по уметност, од основното училиште „11 Октовмри“, Алескандар Стефаноски, рече дека во нивното училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници, постојано работат на унапредување на соживовот во училиштето и надвор од него.
Раководителот на секторот за образование од општина Куманово, Цоки Ристовски рече дека општината во соработка со граѓанските здруженија континуирано работи на толеранцијата, надминување на предрасудите во рамки на образовниот процес.
Кампањата „Доста е – надимини ги предрасудите, запознај ги Ромите“ е поддржана од Советот на Европа и програмата Европа за граѓаните од ЕУ.